14.03.2020
Белгиски научници се поблиску до третман за корона вирусот
Белгиски научници се поблиску до третман за корона вирусот
Екипи на универзитетот во Гент и Институтот за биотехнологија се приближуваат кон третман за коронавирусот, објавија медиумите во Белгија, пишува МИА.
Не станува збор за вакцина, бидејќи третманот не предизвикува имунолошка реакција, туку за техника која користи антитело со кое се оневозможува да делува протеинот на површината на вирусот, и со тоа се спречува вирусот да се закачи за човечките ќелии.
Тимовите работат заедно со други истражувачи низ светот на овој нов третман и сметаат дека значајно се приближуваат кон убедливи резултати.
Третманот би бил побрзо ефикасен отколку обична вакцина, што би им овозможило на лекарите и медицинските работници побрзо да се вратат на работа. Притоа, објаснуваат истражувачките тимови, постарите пациенти се помалку респонзивни на вакцини, а коронавирусот е најопасен токму за овие лица.
Според достапните информации, тимот е сега во фаза на неутрализација на лабораториска варијанта на Ковид-10, следниот чекор е да се испитува врз жив примерок.
– Важно е да истакнеме дека ни е потребна потврда на нашите резултати користејќи го вирусот кој ја предизвикува епидемијата, изјави професорот Ксавие Саленс, вирологот кој го предводи тимот.
Наскоро се очекува да започнат ин-витро тестирања со вистинскиот Ковид-19 во заштитена лабораторија во градот Лувен.
Тимот добил и финансиска поддршка од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Извор: МИА
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!