20.02.2020
5-те најубави острови на светот
5-те најубави острови на светот
Секој остров има свој идентитет. Не мора да значи дека ако некој остров е преокупиран на инстаграм истиот е и најдобар. Ние ви направивме список од острови кои имат дождовни шуми, гребени и урнатини. Некои од стровите вклучуваат карпи, заливи и пештери, а други се преполни со историја.
Може да се согласите и споделете
нашата објава, а можете и да не надполните со нови предлози за острови на [email protected]
1. КАПРИ, ИТАЛИЈА
Некои посетители велат дека ова е
најмагичниот син остров. Поради прекрасните морски пештери кои ги импресионираат посетителите. И секако
и италијанската филмографија не е останата рамнодушна на ова место,снимајки
серија која го носи истиот наслов КАПРИ , гледана и репризирана долго време.
Таа им овозможи на гледачите за миг да сонуваат и да се восхитуваат на бојата
на морето,куќите обоени во разни бои меѓу кои преовладуваат сината - боја на
морето и жолтата-боја на единствените освежителни лимони кои само во Капри
можат да се вкусат,насмевката на луѓето ,нивната опуштеност и релаксираност.

2. ОСТРОВОТ НА ЏЕЈМС БОНД, ЈУЖЕН ТАЈЛАНД
Името му е Бонд, Џејмс Бонд. Ако сакате да уживате во спокој и да сте стационирани на едно место, тогаш овој остров е за вас. Името го добиле после 1974 година, кога на таа локација се снимени сцени од филмот „The Man With The Golden Gun“ од серијалот играни филмови со тајниот агент 007. Ко Та Пу се појави и во 18-от филм со Џејмс Бонд, „Tomorrow Never Dies“.

3. БОРА БОРА, Острови Тахити
Овој идиличен тропски остров има прекрасни плажи, палми што се нишаат и нежна сина лагуна. Бисер на Тихиот Океан, место кое е најблиску до рајот на Земјата, остров од соништата – тоа се епитетите со кои луѓето го опишувале островот Бора Бора. Блескавите плажи со бел песок порабени со палми, тиркизните ридови и грстовите сјајни цветови од хибискус се протегаат крај кристално бистрата лагуна. Тропските температури се движат меѓу 24 и 28°C, односно високите тропски температури ги намалува свежото ветре кое доаѓа од исток или попрецизно од југоисток, кое претставува дел од југоисточните пасати. Постои само еден пловен премин низ кој може да се помине помеѓу прстенот од корални острови, кои локалното население го нарекло Мотус.

4. САНТОРИНИ, ГРЦИЈА
Санторини се наоѓа на секоја топ листа кога се работи за најубави острови, најдобри хотели, нај романтични дестинации и е едно место кое не разочарува затоа што се е навистина како на сликите. Белите куќички во контраст со синото небо и бојата на морето и црните вулкански ѕидови над кои се издигнуваат населбите се нешто што го воодушевува секој патник.

5. МАЛДИВИ
Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени - 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Малдивите се најмала земја и намалубројна земја во Азија.Малдивите се познати по своите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година.Главни индустрии се туризмот и рибарството.Природните убавини се магнет за туристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот.

Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.
Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели
Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.