05.06.2022

Викендица на Суви Лаки достапна за резервации

Викендица на Суви Лаки достапна за резервации

Уште една прекрасна вила од денеска е дел од платформата на Кајак.мк. Станува збор за вила Монс која е сместена во излетничкото место Сувилаки. Прекрасен предел! Оној кој го има посетено ова местенце со сигурно би се вратил повторно. Тишина, чист воздух, прекрасна околина за пешачење и прекрасна храна за дегустација.


Домаќините кои ни ги отворија вратите на вила Монс велат дека ова сместување го обожаваат луѓето кои работат напорно и бараат простор каде може да одморат.


За оние коишто досега не слушнале за „Сувилаки“ треба да знаат дека ова излетничко место се наоѓа на 20 километри од Струмица и 30 километри од Берово, на самиот пат кој ги поврзува овие два града.

Вилата располага со wi-fi, што значи дека е идеална за луѓето кои сакаат да ја преселат својата летна канцеларија на планина.


Овде се наоѓа црквата Св. Кирил и Методиј, која може да ја посетите се со цел да го исполните своето слободно време, а исто така го имате и ресторанот „Бела Вода“ каде може да појадувате, ручате и вечерате.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.