28.05.2021
Сместување во село Јанче: Место каде природата си го прави своето
Сместување во село Јанче: Место каде природата си го прави своето
Кога месецот ќе
ви даде неколку слободни денови, искористете ги за да го посетите село Јанче.
Нема турист којшто патувал по препорака на Кајак.мк, а да не извести дека не му
се допаднал овој крај. Доколку има такви, чувствувајте се слободни да споделете
ваш коментар под самото четиво, за да го анализираме детално вашето гледиште.
Photo taken by https://www.facebook.com/SeloJance
За луѓето пак кои
се уште не го посетиле село Јанче, наш совет е тоа да го сторат додека е топло
и додека се е зелено. Јанче си има своја посебна убавина преку лето и на
пролет.
За оние кои пак
размислуваат каде да останат на неколку вечери и да одморат глава од градскиот хаос,
Ве известуваме дека од денеска, дел од базата на Кајак.мк е вилата MountainView која се наоѓа токму во ова село.
Вилата располага со голема надворешна тераса и две помали тераси
од каде што може максимално да
се ужива во погледот на околните планини. Ова сместување се наоѓа на еден километар од реката
Радика, која што е иделна за прошетки и капење во жешките летни денови.
Она што ја прави COOL ова вила, е фактот дека многумина ја резервираат да онлајн работа и за далечинско учење. Па замислете си, завршувате со работните обврски и излегувате надвор каде што ве голта прекрасната Бистра. За вечера можете да појдете до хотел Туто кој се наоѓа на само 100 метри од сместувањето.

Во слободното време, гостите може да ги користат hiking патеките до Галичник и Св. Јован Бигорски, да ги посетат водопадите Дуф и мостот Еленски скок во Тресонче. За туритите кои пак имаат свои велосипеди, не треба да зборуваме во врска со тоа дали треба да ги понесат со нив. Престојот во вилата и секојдневниот велосипедизам ќе ве научат многу за регионот.
Сакате да погледнете
повеќе информации за сместувањето, фотографии и цени? Тогаш кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.
Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?
Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.