29.03.2022
Сместување во уникатната природа на село Белица
Сместување во уникатната природа на село Белица
Уште едно сместување на локација која не би Ви паднала на памет за престојување. Тимот на Кајак.мк разговараше со домаќините на рибниот ресторан „Белица“ во истоименото село. Тие ни ги отворија своите врати за светот на Кајак.мк и ни ја раскажаа уникатната приказна на ресторанот кој почетната идеја им било да биде само рибарник, но со разбој на бизнисот тие успеале да отворат ресторан и соби за престојување.

Мотел Белица се наоѓа во селото Белица, недалеку од
Македонски Брод. Веднаш покрај езерото „Козјак“.
Доколку нè прашувате нас што би биле главните причини поради кои треба да го посетите ова место, тука би ги наброиле: Езерото Козјак, излетничките ресторани, рибарници, реката Белица која е заштитен споменик на природата, пештерите, црквите и манастирите, како и недопрената природа.

Оние кои ќе се одлучат да престојуваат овде ќе ја имаат привилегијата да го спушаат жбурот на реката од нивниот прозор, да уживаат во чистиот воздух, шума, добрата храна и да го искористат своето слободно време за активности во природа, како што е посетата на изворите на беличката река и пештерите.

За оние кои првпат слушаат за село Белица, ова селце се наоѓа во околината на Македонски брод во близина на езерото Козјак. Одалечено е 65 километри од Скопје преку „Јасен“ преминот „Кула“.
Низ селото тече реката Белица, којашто е притока на реката Треска. Реката претставува заштитен споменик на природата.

Во близина на селото постојат бројни подземни пештери, кои изобилуваат со внатрешна пештерска кореографија, како што се пештерите: Момичак, Лапарница и Гулубарница.
Доколку сакате да погледнете повеќе информации, фотографии и контакт за резервации од сместувањето, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Ново на kajak.mk: Ново водено адреналинско искуство на Охридското Езеро
kajak.mk носи ново водено искуство во Охрид – приватна eFoil обука со професионален инструктор и комплетна опрема на Охридското Езеро.
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден
Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.