07.08.2020

На Градиште е најубаво кога е празно!

На Градиште е најубаво кога е празно!

Запознајте ги „Camping Macedonia“ млади луѓе кои се посветени на камп-приказни во Македонија. Нивната цел е да ги поттикнат сите генерации за искористување на слободното време во природа на каков било начин. Секако како што велат тие да ја оддржуваат чиста околината и да не оставаат отпадоци позади себе.

Една нивна фотографија која пркоси на изминатиот викенд каде Градиште беше актуелен на медиумите по метежот и забавите коишто се организираа во екот на пандемијата, е ова фотографија.

Секој од вас, без разлика дали сте патници кои патувате преку Кајак.мк или само читатели, ќе можете да донесете свој заклучок.

Ова е Градиште, една од најубавите плажи на охридско.


Градиште е одморалиште и автокамп сместен на 14 километри од градот Охрид на пaтот кон манастирот Св. Наум Охридски, или поточно пред селото Трпејца, и е во склоп на Националниот парк „Галичица“.

Во густите сенки на боровата шума, во ладовина и прекрасна атмосфера сместени се неколку стотини камп приколки, бунгалови и шатори чии станари секоја година споделуваат незаборавни моменти во еден од најуредените кампови во Македонија. Градиште се протега на речиси 90.000 м2 од брегот на Охридското Езеро.

Авто кампот „Градиште“ располага со 8 бунгалови, 20 камп приколки и околу 100 слободни парцели за приватни шатори или камп приколки. Како гости во А.К. Градиште на располагање ви стојат:

  • 3 плажи
  • 4 санитарни јазли
  • 2 продавници
  • летна дискотека
  • ресторан

Авто кампот „Градиште“ е место каде што се организираат многубројни забави, концерти, забави на плажа, курсеви за нуркачи, едрење, параглајдинг и слични активности. Кампот е во склоп на националниот парк „Галичица“ и е добра појдовна точка за планинарење и прошетки во недопрената планинска природа. Во склоп на третата плажа се наоѓа и пештерската црква Св. Богорица. Во непосредна близина на А.К. „Градиште“ се наоѓа музејот на вода - наколна населба позната како „Залив на Коските“ која претставува значајна праисториска локација единствена по својот вид на овие простори и место кое дефинитивно мора да се посети.

instagram: campingmk

Facebook: Camping Macedonia

Twitter: camping_mk

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!