19.02.2024
Засадени нови дрвца во Неготино преку тим-билдинг програмата на Кајак.мк
Засадени нови дрвца во Неготино преку тим-билдинг програмата на Кајак.мк
На 17-ти февруари, Кајак.мк заедно со пријателите од Valtech и Xessable засадија дрвца во новиот парк во Неготино кој се наоѓа во близина на „Саат Кулата“. Нам ни претставува особено задоволство фактот дека во близина на самиот парк има детска градинка, што ни дава до знаење дека успеавме да овозможиме ново зеленило, чист воздух и сенка на дечињата кои ја користат оваа локација за игри и другарување.

Засадени се пет разни сорти на дрвца, за кои насоки и логистика
добивме од Општина Неготино.
Мисијата на Кајак.мк за постојано пошумување на нови паркови и јавни површини во Македонија има цел да изгради една поубава слика за земјата, да му овозможи на локалното население нови зелени површини, летни сенки и чист воздух.

Ваквите акции за пошумување низ Македонија ги реализираме со компаниите со кои веќе сме организирале тим-билдинг настани, а кои преку своите патувања донираат симболични средства за садење нови дрвца.
По спроведената акција, сите заедно го посетивме селото
Долни Дисан, каде во истиот ден се оджуваше „Треил трката за ВИНО И ЉУБОВ“ во организација
на „Деконус“, наши пријатели кои вредно го промовираат неготинскиот регион.
Трката се организира втора година по ред, а на неа беа пријавени 180 тркачи и видени многу гости кои беа дојдени се со цел да ги вкусуваат локалните вина и специјалитети од ова поднебје.

Денот ни заврши со посета на прекрасната винарија „Венец“
каде имавме можност да прошетаме низ просториите на винаријата, а исто така
имавме можност да дегустираме премиум вино за кое сведочат многубројните
награди.
Нашите акции за пошумување и донирање нови дрвца ќе
продолжат во иднина, бидејќи тоа е една од клучните цели на постоењето на
Кајак.мк.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.