07.04.2022
Чингелајчето ми создава мир и ме прави среќна
Чингелајчето ми создава мир и ме прави среќна
Шетајќи се по
социјалните мрежи, случајно ја запознавме Емили Ина. Жената која позади себе
има оставено еден куп рачно изработени креации, кои плетено со љубов денеска
китат многу домови, соби, чанти...
Емилија за себе вели дека е жена-номад, која обожава да патува насекаде низ светот. Живеела во Америка и Европа, од Јужна Англија се до медитеранот. Откако станала горда мајка на две деца, одлучила да се стационира во Македонија и да се посвети на прекрасните идеи за изработка на плетени кукли и играчки.

За дел од вас
овие рачни изработки можеби се познати, но за оние кои првпат ја запознаваат Емилија,
треба да се истакне дека ваквите куклиња може да ги нарачате од нејзината фејсбук
страница, Mili и да Ви ги
изработи според вашите желби.
Како омилени кои неодамна ги изработила, Емилија ги истакнува привезокот за чанта на тема сончоглед или голема кукла на тема сончоглед кои биле како подарок за девојче со аутизам која била пресреќна по добиениот подарок.

Емилија ни даде
интересен одговор на прашањето: Кога и каде се родила идејата за вакво хоби?
Имено, таа била голем љубител на параглајдингот, но за жал била спречена да лета поради оправдани причини. Разочарана во својот дом, Емилија барала начин како да го пополни своето слободно време правејќи нешто корисно и квалитетно. Случајно гледала фотографии со хеклан накит и помислила дека тоа е тоа, ако не може да лета, тогаш ќе започне да плета, вели низ смеа.

Од тие денови кај
неа се поставиле темелите за љубовта кон чингелајчето, која ја гради и негува
до денес.
Како новина во работата ги додала амигурумите кои ги изработува во последната година. За времетраењето на еден процес за изработка, таа вели дека може да одземе еден ден, а може да одземе и повеќе од една недела.

Задоволна
е од досегашниот интерес. Не може да се каже за што има најголема побарувачка,
бидејќи интересот е ист и за куклите, мини верзиите за привезок за клуч или
чанта, брошевите и слично. Најважо, како што вели таа е радоста по добиениот
подарокот и честите фотографии од дечиња за кои се наменети нејзините изработки.
Чувство кое не се опишува. Инстаграм: https://www.instagram.com/pinktrisity5/
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!