10.09.2020
Доаѓа есен, а ова е идеално место за одмор во Велестово
Доаѓа есен, а ова е идеално место за одмор во Велестово
Ова село се наоѓа во Охридско, во средишниот дел на територијата на Општина Охрид, југоисточно од градот Охрид, на оддалеченост од 7 километри и припаѓа на неговата рурбална зона. Селото е планинско, на надморска височина од 1.080 метри, чиј атар се издига до сртот на планината Галичица, каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен.

Селото е распослано на падините на Галичица, на височина од околу 1.000 метри. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од селски чешми, а денес има водовод.

Селото има два дела, поделено на Горно или Старо Велестово на височина од околу 1.000 метри и Долно или Ново Велестово, во долината Рача. Ново Велестово е основано по Втората светска војна од доселеници од Старо Велестово. Порано, во месноста Рача се наоѓале селските лозја. Растојанието помеѓу двата дела изнесува 2 километри.
Денес, Рача (Ново Велестово) претставува охридска населба, целосно одвоена од селото.
Од Охрид, селото Велестово е поврзано со асфалтиран пат.

Туристичкиот сервер Кајак.мк ви ја препорачува вилата на Билјана која во моментот е достапна на AirBnb за резервација. Овој сместувачки капацитет е идеален за љубителите на антивниот одмор кој вклучува планинарење, планински велосипедизам, параглајдерство, долги прошетки и разгледувања.

Што треба да посетите во и околу Велестово:
- Археолошки наоѓалишта
- Богородица Пречиста — средновековна црква и некропола;
- Велестово — депо на монети;
- Кромидишта — средновековна црква и некропола;
- Рача — населба од доцноантичко време и средновековна некропола;
- Селиште — средновековна црква и некропола; и
- Стара Рача — средновековна црква.
- Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква, од XIV век;
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — најнова селска црква; и
- Црква „Св. Троица“ — главна манастирска црква, изградена во 1986 година.
- Манастири
- Велестовски манастир — понов манастир пред селото
- Параклиси
- Параклис „Св. Петка“
- Спомен-плочи
- Спомен-плоча на селската чешма за НОБ
Извор: Википедија, АirBnb
ПАТУВАЈТЕ НА МОРЕ БЕЗ PCR ТЕСТ! ПОВЕЌЕ ИНФО НА: 076 791 157 |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
