03.12.2020

Вила со феноменален панорамски поглед кон ски терените на Шапка

Вила со феноменален панорамски поглед кон ски терените на Шапка

Ски центрите во Македонија ќе работат за престојната сезона! Затоа декември ќе биде месец кога ќе ги запознаете сите сместувачки приватни капацитети на нашите ски центри. Во изминатите неколку недели се интензивинираше пребарувањето на планински сместувања во нашата база, а верувајте дека повеќето од нив се целосно резервирани за месеците декември и јануари. Со се цел да ви овозможиме на сите барем на викенд да го напуштите домот и да се изолирате на некој ски центар, нашиот тим ќе се активира во ископувањето на нови места за сместување.


Денеска ве водиме на Попова Шапка. Планина која е сон на секој млад авантурист кој сака да ужива во скијањето. Во нашата база веќе имаме неколку сместувања, а денеска додаваме уште една уникатна вила. 

Предноста на ова вила е тоа што има феноменален поглед кон ски стазите. Огромен балкон на кој можете да уживате и да го апсорбирате витаминот D од зимското сонце. 

Вилата има дневна, кујна со трпезарија и соба со кревет на пуштање. На горниот спрат има 4 соби, од кои две соби со брачен кревет, две со брачен кревет и еден поединечен кревет. 

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.