20.10.2023

Изработувам уникатен накит, љубовта кон уметноста ја стекнав од мојот татко

Изработувам уникатен накит, љубовта кон уметноста ја стекнав од мојот татко

Денеска ве водиме во работилницта на Илина, нова локална хероина која ги отвори вратите од својот свет за Кајак.мк. Илина ја затекнавме како изработува еден уникатен сад за кој и се потребни 7 дена за тој да биде готов и да го краси домот на некој од нејзините клиенти.

Илина посветува време, љубов и трпение во тоа што го работи. Преку фотографиите кои ќе ги погледнете низ нашето четиво ќе заклучите дека таа има искуство да создаде разни украси и накит кои потоа ги продава преку својата страница на фејсбук.


За Кајак.мк ни се претстави како личност која ја сака уметноста, сака да спортува и да поддржува спортски настани, а веќе има волонтирано на неколку атлетски трки. Шетањето во природа го смета како опсесија, особено на есен кога можеби добива мотивации за некои нејзини идни креации.


Вели дека нејзините родители имале влијание за таа да се заљуби во уметноста. „Уште од мала мојот тато ми ја пренесуваше неговата љубов кон литературата и уметноста, па така уште во трето одделение ја знаев на памет целата Рибарот и рипката од А.С. Пушкин. Мојата мајка ми шиеше фустанчиња, а јас самата, се заљубив на прв поглед во оние мали ситни монистра уште како дете“, вели таа


Почетоците во работењето ги поврзува со нижењето на мали монистра. Првите парчиња накит ги направила токму од нив, а првата техника што ја користела за поврзување на монистрите ја нашла во едно списание на својот татко со назив „Уради Сам“. Подоцна, кога и се укажала можноста започнала со изучување на филигранскиот занает во златарата „Рубин“ кое го работела долго време.


Пред околу 4 години конечно започнала да се занимава со накит и производи од кожа, украсни предмети и слично. Овој занает имала шанса да го научи од еден стар мајстор од странство, кој ја научил како да ги користи исклучиво старинските техники и целосно рачната изработка за да изготви еден производ со модерен впечаток.


Пред извесно време Илина имала среќа да потпише договор на три години со модната платформа Clothia, каде ги има направено првите продажби на накит од кожа. Како омилени на купувачите им се покажале обетките. Денеска за жал сајтот Clothia повеќе не постои, но веќе двапати годинава, неколку од парчињата накит кои ги произведува таа биле одбрани за изложби во Италија.


Времето и трудот кои ги посветува во изработката на накит и украси се бесценети. Клиентите кои уживаат во рачно изработените дела го почитуваат трудот кој еден уметник го вложува при создавање на делото. Илина вели дека за изработка на еден сад потребни се околу седум дена. Во процесот спаѓа обработката на материјалот, обликувањето, штепувањето, сушењето и завршната обработка.

За читателите на Кајак.мк, Илина вели дека може да добијат повеќе информации на нејзината фејсбук страница Bottega Azzurra.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.