26.08.2021
Селото Блатец: Идеално место за активен туризам
Селото Блатец: Идеално место за активен туризам
Понекогаш она кое го бараме надалеку, успеваме да го најдеме токму во својата околниа. Тоа и се случи при посетата на преубавиот Блатец од страна на Ана Мариа Павлова.

Иако знаевме за ова село, првпат се одлучивме вистински да го посетиме, разгледувајќи ги манастирите, водопадите и вештачкото езерце. Фотографиравме секаде каде што застанавме бидејќи глетките беа навистина извонредни-почнувајќи од сокриениот водопад до кој моравме да пешачиме заради неговата локација.

Местото изгледаше како мини оаза,обраснато со дрвја и растенија околу водата. Температурата веќе беше пониска заради сенката од дрвјата и конечно можевме да воздивнеме од жештината на летото.

Следната локација беше воденицата која функционираше преку струењето на водата под неа. Бевме изненадени од целиот тој процес како и од реализацијата дека ова е можеби едно од многу ретките места каде што можеме да го набљудуваме мелењето одблизу.

Потоа го посетивме она кое ние го нарековме „езерце”. Влеговме во водата и не можевме а да не и се восхитуваме на планината Плачковица која заедно со езерцето изгледаше извонредно. По кратко пливање ни се придружија и други локални луѓе и животни, правејќи ја нашата авантура уште толку по интересна.

За крај, посетивме познаници во една од куќите од селото
завршувајќи го денот со домашна ракија и органски зеленчук. По неколкуте објави
за селото на социјалните мрежи, и други беа воодушевени и поттикнати да го
посетат местото.
Ана Мариа вели дека нејзини пријатели тоа го направиле уште следната недела, а тие секако не ја пропуштиле шансата повторно да ги посетат овие убавини заедно со нив.

За оние кои не слушнале за ова село, Блатец се
наоѓа во село во Општина Виница, оддалечено 10 километри од
градот Виница. . Лежи во северното подножје на планината Плачковица, на работ меѓу планинската падина и благо
наведнатата езерска површина од некогашното Виничко-Кочанско езеро на надморска
височина од 710 метри. Расположено е од двете страни на реката Блатешница. Бидејќи езерската површина на која лежи Блатец
е благо наведната, оддалеку куќите изгледаат една над друга.
Коментари
-
Ацо Ѓорѓиевски
12.12.2022 15:46
Има уште многу убавини што не сте ги посетиле во Блатец. Јас живеам во Блатец и работам активно за да го направам број еден како туристичка дестинација во нашата преубава Македонија. Сега сум заангажиран да направиме пешачка патека која ќе ги поврзува сите цркви и манастири споено со природните убавини на Блатец. Патеката ќе биде долга околу 2,5 км. Поздрав
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.
Галичката свадба повторно го оживеа Галичник
Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.