06.07.2020

Кајакуваме со Јанева: Малешевските планини ми се дефинитвно викенд дестинација

Кајакуваме со Јанева: Малешевските планини ми се дефинитвно викенд дестинација

Денеска #Кајакуваме со Јанева. Девојката која нејзиното презиме стана симбол за патувањето и младите. Таа на својот интаграм профил @janeva дава доста интересни совети во врска со патувањето во и надвор од земјата. 

1. Сакаш да патуваш насекаде?

Како ти стои Македонија како дестинација за патување? Што најмногу те привлекува? Кое место?

Јанева: Дефинитивно сакам да патувам насекаде низ светот, но треба да запамтиме дека Македонија си има посебна убавина и многу места кои вредат се истражат. Кога зборуваме за Македонија, најмногу ме привлекуваат планините - најомилени места ми се Галичица, Маврово, Шар Планина, итн... Едно од најубавите места во близина на Скопје е дефинитивно кањонот Матка, со стрмни планински падини, возбудливи пештери и живописен релјеф. А најомилена викенд дестинација ми е Берово во подножјето на Малешевските планини.


2. Како претходно истражуваш за местото кое сакаш да го посетиш?

Што треба да знае секој патник пред да тргне некаде?

Каде и да патувам секогаш го отварам “Location Tab” на инстаграм и ги разгледувам сликите таа дестинација, потоа на интернет читам малку повеќе за тоа место. Не заборавајте секогаш да читате reviews за ресторани и хотели!


3. Со кој најчесто патуваш?

Најчесто патувам со мојот дечко или со фамилијата

4. Омилена дестинација во Македонија?

Имам многу омилени места но ако мора да одберам едно тогаш би го издвоила Берово поради прекрасното езеро, патеките за пешачење и секако чистиот воздух!



5. Езеро или река?

Дефинитивно езеро затоа што обожавам да пливам!

6. Вино или ракија?

Вино, по можнот бело!



7. Вегетаријанска храна или скара?

Јас веќе подолг период се придржувам кон вегетаријанска исхрана, а во иднина би сакала да станам и веган. Генерално не сум љубител на месо

8. Лето или зима?

Ова е дефинитивно најтешкото прашање за мене бидејќи зимата ја обожавам поради мојот омилен спорт - скијање и бордање. А летото поради многубројните патувања (со исклучок на ова лето затоа што сме ограничени поради пандемијата)


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!