27.01.2023

Предлог викенд снежна гастро дестинација

Предлог викенд снежна гастро дестинација

Еј друштво, на Суви Лаки имаме снег! Треба да знаете дека во населбата Суви Лаки може да се најдат сместувања кои ги имаме прикачено на Кајак.мк. Но денеска сме овде да ве информираме дека комплексот „Бела Вода“ е покриен со снежна покривка. 


До „Бела Вода“ можете да пристигнете со секакво возило, вклучувајќи и автобуски превоз. Има свој приватен паркинг за паркирање, а има и доста атракции кои ќе ви го исполнат вашето слободно време во текот на летниот период. Денеска во зима, можете да направите прошетка по снегот и секако добри фотографии.


Отворен е во 2014-та година и прераснува како популарна гастономска дестинација по своите рибници со свежа пастрмка. Специјалитет на куќата е малешевската плескавица, плесаквицата „Бела Вода“, селската малешевска тава, крапот, пастрмката, компирот и домашната шливовоа ракија.

Повеќе информации и точна локација од комплексот ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.