05.03.2021
Медитеранска куќа со базен и прекрасен простран зелен двор која може да ја резервирате
Медитеранска куќа со базен и прекрасен простран зелен двор која може да ја резервирате
На југот на Македонија, имаме многу топло лето. Побегнете од градот и засолнете се во вила Катерина која е веќе подолго време дел од нашата база.
Одлично опкружување, прекрасна природа и секако интересни локалитети за посета.

Сигурно би сакале да побегнете од дома и да се изолирате во ваква вила која е отцепена од градскиот хаос, вила која нуди прекрасен медитерански поглед и која е опколена со многу зеленило.

Секој би посакал да е во моментот покрај базенот на ова вила и да го почувствува сонцето. За Гевгелија можеме да кажеме дека нуди и доста топла медитеранска клима, па вила со базен е идеалната опција за уживање.

Вилата се наоѓа надвор од населено место, а како што може и самите да забележите на фотографиите, соседството е доста тивко и мирно.

Сигурно се прашувате што е она што може да се посети во околината и зошто баш Гевгелија. Нашиот тим сака да ви ги даде следните предлози:
- Недалеку од вилата се наоѓа туристичкиот локалитет „Динќут“. Ова е место кое гевгеличани го користат за спорт и рекреација.
- На 22 километри од вилата по патот кон ски центарот „Кожуф“ се наоѓа „Смрдлива вода“. Туристичко место со ресторани и бесплатна планинска вода со високо кочичество на минерали.
- Гевгелија е дома на спа центри. Наш совет е посетите некој од нив.
| Доколку сакате да погледнете повеќе информации за вилата, цени, како и контакт за резервирање, тогаш кликнете ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.