13.07.2020

Фросина раскажува: Излет во Беловиште е како етно-ресторан во природа

Фросина раскажува: Излет во Беловиште е како етно-ресторан во природа

На 1 час од Скопје, во тетовската општина Јегуновце, има место совршено за викенд прошетка. За мене тоа е мал рај во природата со прекрасен водопад и шума. За оние кои преферираат етно ресторани во природа, тоа би било вистинско место за селски туризам.

Штом ќе го забележите патоказот за Вратница, свртете лево. Ќе ве сретнат типични стари куќи, сите во ист стил, ама незапуштени. Луѓето живеат таму, се чини мирен, и под конец среден живот. Домаќини, колку што може да се ѕирне од кола, преку нивните огради. Патот, е угорничав и тесен, но google maps, ќе ве однесе безбедно.


По патот до водопадите ќе ве сретнат неколку ресторани. Не може, а да не се забележи доброто око на угостителите во селото, бидејќи рестораните се уредени во согласност со амбиентот и со многу зеленило. Сигурно ќе посакате, да направите барем кафе пауза во некој од нив.

Најгоре на крајот на патот, има земјен паркинг, но нека не ве чуди ако не можете да најдете паркинг место. Оттаму десно, на височинката има лулашки за деца, а право по патот почнува шумата. На почетокот на патот има базени, кои сега не работат. Патеката потоа води до железен мост, преку кој се доаѓа до манастирот св. Јован.


Во дворот на манастирот има десетина маси со клупи, на една можат да се сместат и до десет луѓе. Има и чешма за вода, да си ги измиете садовите. Ако тргнете на баш фамилијарен излет, тука ги има сите услови, освен тоалетот, кој беше многу запуштен, јас не можам да најдам ниту една друга забелешка.


Над манастирот е водопадот, бучен, тече во полн сјај. Пристапно е да се слезе по карпите и да се сликате покрај течението на водата, на пристојна висина, и да си го задоволите авантуристичкиот дух, или нагонот, да се види, глетката од таму.


Сепак, побезбедно е да си седнете горе на клупата, ако е слободно, или да продолжите уште малку нагоре, да преминете преку камењата од другата страна на водата, каде што затековме излетници кои ги закачиле лулашките, понастрана од собиралиштето на излетници, кое во главно, е околу црквата. За тие што сакаат да планинарат, на еден час, од беловишкиот водопад, имало уште поголем водопад.


Вреди да се посети! Не заборавајте да го соберете отпадот, по себе. Да ја зачуваме природата, кога веќе не можеме да направиме повеќе за неа!

За авторот: Фросина Елисковска е млад и страсен љубител на патувањето. Таа раскажува за места кои се доста непознати за сите нас. Внимателно читајте ги нејзините препораки. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.