11.11.2022

Вила на Беровско езеро опколена со природа

Вила на Беровско езеро опколена со природа

Денеска во базата на Кајак.мк се приклучува 380-то сместување! За само неколку дена ќе заокружиме вкупно 400 сместувања, а тоа нам не прави радосни бидејќи веќе можеме да се пофалиме со добра бројка на уникатни објекти кои може да ви го променат вашето секојдневие.


Тимот на Кајак.мк во моментов работи на усовршување на платформата, што значи дека отсега ќе може да се јавите на домаќините со само еден клик кај самото сместување, а тоа ќе ја олесни процедурата на барање и изнајмување сместувања.

Вила Марија која денеска ќе ја запознаете се наоѓа во прекрасна околина, опкружена со многу шума и тишина. Вилата располага со 3 апартмани и едно студио, што значи дека е идеална за цело друштво или фамилија.


Вилата располага и со надворешна куња со скара, фурна и простор за 15 лица.

Уникатен момент е каминот кој ја загрева вилата. Дневниот престој е со камин кој го храни парното греење низ цела вила. Замислете си како надвор вее снегче, а вие со вашето друштво уживате во добар муабет покрај каминот.


Додајте ја на вашата листа, вила Марија за задолжителна посета.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.