25.03.2020
Објавен повик за чартер летови за наши државјани од Љубљана
Објавен повик за чартер летови за наши државјани од Љубљана
Владата објави јавен повик за организирање авионски превоз за наши државјани кои сакаат да се вратат во земјава (https://vlada.mk/node/20727), со чартер летови од Љубљана за 215 патници.
Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до задутре во 12:00 часот.
-Право на учество има секоја авиокомпанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Република Северна Македонија.
Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена. Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор, соопшти владината прес-служба.
Понудите на повикот треба да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: [email protected]

Крајниот рок за доставување на понудите е 26.03.2020 година до 08:00 часот.
Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор со кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување во држвава да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.
Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.
Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор. Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:
Назив на примач:
Буџет на Република Северна Македонија
Транс.сметка 100 000000063095
Сметка на корисник 630010001963019
Приходно конто 725939 00
Во цел на дознака: Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.
-Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна, стои во соопштението.
За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Генералниот секретаријат на Владата, на телефонот 02/3118-022
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.