31.03.2023

Апартман со поглед кон Охридскиот плоштад и пристаништето

Апартман со поглед кон Охридскиот плоштад и пристаништето

За оние кои бараат сместување во срцето на градот Охрид, тогаш тимот на Кајак.мк ве информира дека до денеска во нашата база додаваме апартман кој има директен поглед кон охридскиот плоштад и главното пристаниште на градот Охрид.

Куќата е лоцирана во срцето на чаршијата, во најцентралното градско подрачје на самиот Градски плоштад. Тоа значи дека апсолутно сите битни знаменитости, културни настани, плажи, кафулиња и ресторани ви се на дофат.


Домаќините кои ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека е обезбедена бесплатна паркинг картица за паркирање секаде во центарот на градот и воа во зона Б, а обезбеден е и приватен паркинг.

Најблиската плажа е на само 5 минути пешачење од сместувањето, а се наоѓа во прекрасно опкружување, каде воедно можете да изнајмите и кајаци, суп даски или пак можете да појдете на прошетка со брод или кајче.

Повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Планинска дрвена викендица во која секој би сакал да престојува

Уникатните сместувања кои ги има во Македонија можете да ги најдете на платформата на Кајак.мк.

Охрид ја има најуникатната вила во бохо стил

Нашиот тим денеска ве води во Охрид, односно во населбата Рача, каде своите врати за светот на Кајак.мк ги отворија нашите нови млади домаќини за кои можеме да речеме дека го чествуваат новиот концепт на турзам кој ќе се развива во блиска иднина.

Велешанецот Давор е еден од ретките пирографичари во регионот

Давор потекнува од Велес и љубовта кон уметноста ја негува уште од детските години. Во историјата на неговото семејство се среќаваат занаетчиството и уметноста во различни облици – од изработка на мебел и предмети од дрво до копаничарство.

Престојувајте во мала семејна винарија во село Пепелиште

Винарија Максимилијан со можност за ноќевање. Нови апартмани отворени во склоп на винаријата.

Во Македонија се наоѓа „Рајот на земјата“ за кој малкумина слушнале

За оние коишто не се љубители на приватни места, места каде спокојот е приоритет и каде природата ќе биде 99% од вашето секојдневие за време на престојот, може слободно да ја исклучат страницата.

Изолирана вила со базен во село Орашец идеална за уживање

Околината на вилата е исполнета со зеленило, брда, чист воздух, а локацијата нуди и прекрасно зајдисонце.