06.10.2020

Имам нешто да ви кажам за Кападокија

Имам нешто да ви кажам за Кападокија

Тимот на Кајак.мк започнува да ги контактира сите оние кои патувале во време на корона пандемијата и да споделува со вас искуства и совети за тоа како е да се патува сега. Запознајте се со Драги Јанев, кој месец септември беше во посета на Кападокија. 

„Здраво јас сум Драги Јанев. За сите кои во наредниот период планирате да ја посетите Кападокија или размислувате се уште за тоа, сакам да ви ги споделам моите впечатоци за ова место. Почетокот на септември бев во посета на Кападокија. Летот ми беше со Туркиш Еирлајнс од Скопје до Истанбул, а од Истанбул до Кајсери. Доста безбеден лет, се следат протоколите, аеродромите се прилично празни. Маските се задолжителни во авионот ако не ја носиш те опоменуваат, а храна не се служи во авион поради безбедносни причини“.

Аеродромот во Кајсери е прилично празен, а Гјореме за разлика од минатите години, според тоа што ми го зборуваа локалните жители е со слаба раздвиженост. За мене тоа е фантасичен момент за шетање и престој.

 Јас бев сместен во хотел кој е комбинација од пештерски хотел и класичен. Сакав да ја почуствувам автентичноста, но не и да одам во крајни екстремни варијанти за да бидат сместен во пештерите. Но сепак не велам дека се лоши, има луѓе кои тоа го сакаат.

Јас им препорачувам на сите коишто се во можност да ја посетат Кападокија и дефинитивно да летаат со балон. Во кошницата на балонот бевме 16 лица. Цената по лице е од 100 евра нагоре.

Летот започнува од 04:30 рано наутро пред да изгрее сонцето. Фантастична глетка е да се виде како полетуваат сите балони од иста долина, наспроти црвената долина. Час и половина ни траеше летањето, се додека изгрева сонцето. Тоа е фантастично. Највисока надморска височина која ја достигнавме беше 1100 метри и не е мала височина. Овде ќе ги направите дефинитивно вашите најубави фотографии.

Мене ми беше интересен и процесот на полнење и празнење на балонот. Тоа го прават пред тебе. Она што е доста интересно да напоменам е дека сите мислевме оти балонот ќе слета на земјата но, сепак не очекувавме да слетaме на камион. Додека слетувавме надоле гледавме како движат мини камиони и постојано не набљудуваат каде ќе слетаме, за на крај да завршиме со нашата кошница на нивната приколка.

(Antonio Lainez)

Она што е интересно и им го препорачувам на сите е да ја истражат колку што можат повеќе сета околина. Они кои се љубители на планинарењето ќе им се допадне идејата да искористат цел ден пешачејќи низ долините кои нудат природни скултури создадени од ветерот и песокта.

Задолжително да понесат вода со себе, а и добри патики. Тоа го знаат сите кои се љубители на шетањето. Лека закуска, вода и задолжително крема за сончање, зависи од тоа кој период ќе бидете таму.

Многу добар е пределот за истражување со патики на нозе, но тие кои не може да го прават тоа пеш, може да го заменат со коњи. Се организираат локални тури од Ѓореме со коњи. Над Ѓореме има стада коњи и коњаници, а тоа се подразбира дека се организира со локални инструктори кои движат со вас.

(Musab Al Rawahi)

Јас им препорачувам на туристите кои не се обожаватели на традиционални тури со коњи или пешачење, дека во околината може да изнајмат и ATV мотори на четири тркала со цел да уживаат во истражувањето на пределот.

Има многу екскурзии кои се организират. Има тури во замоци кои ви ги препорачувам да ги посетите, има многу тури преку кои ќе ги посетите едни од најстарите цркви во Турција. Со овие тури се учи за древноста на населението. Пештерите ви раскажуваат многу за начинот на кој луѓето овде живееле во минатото.

(José Ignacio Pompé)

Има и доста музеи да се посетат, јас ви препорачувам да го одвоите денот за овие тури бидејќи има многу да се научи.

Безбедно е мора да кажам. Луѓето ги почитуваат протоколите. Вработените во ресотраните носат маски, задолжитено се мерат температури, нема многу туристи во моментот, прилично е празно. Јас  разговарав и со локалните жители кои велат дека за разлика од минатата година овој период и сега е многу празно.

Моја препорака е да ја посетите Кападокија на пролет или лето. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Балкан туризам 2026: Нови авиолинии и регионални патувања

Балканот во 2026 станува силно поврзан туристички регион со нови авиолинии и раст на комбинирани патувања. Откријте како се менува туризмот во Македонија и регионот.

Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!

Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.