21.12.2020

Се повеќе се заљубуваме во нашите планини

Се повеќе се заљубуваме во нашите планини

Понеделникот може да биде убав ден ако пред вас има уште поубава приказна. Нашиот еко тим денеска ве запознава со нови луѓе кои ја обожаваат планината. Ова е млада група ентузијасти од Охрид кои слободното време и го посветуваат на планината. Како што велат ова е најубавиот и најинтересен спорт кој сепак доста тежок и со себе носи свој ризик. 

Денеска е прв ден од зимата. Ден кога и тие што не се планинари треба да се сетат на планините. Голем број од македонските туристи годинава и се посветија на планината, а како што велат планинарите, тоа не направи кондиционо подготвени личности. 

Како што доаѓа се поголемиот студ, така и расте предупредувањето кон младите и неискусни планинари кои ќе се решат да згазнат на планината во текот на зимата. 
Зимата има свои предизвици. Смрзнатиот снег кој е особено проблематичен при движење во колона. 

Она што е најважно од се е дека секоја група треба да биде предводена од искусни планинари и дека секој планинар задолжително треба да го информира кругот на семејството за тоа каде и кога ќе замине на планинарење. 

Секоја постигната цел е со различно чувство. Со искачувањето на еден врв се добива желба и идеја да посети друга планина и искачи нов врв.

Според одредени планинари постојат два карактери на луѓе. Едните кои мислат дека тоа што го направиле е многу добро, но сакаат да направат нешто уште подобро, а другите кои велат дека е тешко и нема повторно да сторат нешто слично.

Бобан од Охрид веќе две години активно се бави со планинарење. За него на прво место е Кораб бидејќи повеќето врвови се многу стрмни. Шара му е доста мила и убава планина и се чуствува доста мал кога ќе стапне на неа. Големото Езеро на Пелистер му е во омилените попатни дестинции и секогаш плива кога ќе го посети, освен на зима. Кораб го обожава особено кога снегот започнува да се топи. Тогаш реките и водопадите се полни со вода, а сета планина е зелена. 

Го запрашавме дали честопати се среќава со дивиот животински свет. Тој вели дека на Галичица често гледа срни и елени, а понекогаш и диви свињи. Секогаш се радува кога ќе ги здогледа, исто ко да ги гледа за првпат. На планина можете да ја согледате и реалната сила на животните. За срните вели дека се доста брзи ко за миг да ја претрчуваат планината, а за дивите кози вели дека се најдобите алпинисти. Загрозен се чувствува само кога е на ноќно планинарење, тогаш животните се доста активни. 

Бобан секогаш поаѓа на планинарење со уште двајца другари во кои има доверба. Тој вели дека со нив се чувствува сигурно. Живее во Охрид, а се надева дека во иднина ќе им се приклучат и нови лица кои ќе и се посветат на планината. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.