02.02.2023

Ги следам чекорите на мојот татко: Тој ми помага за да создадеме уникатни дела

Ги следам чекорите на мојот татко: Тој ми помага за да создадеме уникатни дела

Денеска на Кајак.мк ја отвораме продавницата на Лидија, за која нашиот тим пишуваше пред извесен период. Ако досега ги промовиравме луѓето кои вредат туризам и занаетчиство, денеска преку Кајак.мк може да се нарачат и купат нивните изработки. На ваков начин покрај тоа што ние ја правиме промоцијата, вие ќе им ја дадете дирекната поддршка. Продавницата на Лидија можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.


Лидија вели дека пред четири години работела во продавница, но решила да продолжи по стапките на нејзиниот татко и да го научи занаетот кој тој го работи. Љубовта кон природата ја поттикнала да започне да произведува разни дрвени куќички со материјали кои ги собира додека е на пешачење.

Нејзиниот татко е долгодишен занаетчија кој изработува разни предмети од дрво. Тој потекнува од планинското село Плаке, од каде го наследува занаетот од неговите предци.


Лидија е убедена во фактот дека да се изработува разни украси од дрво, се што треба е да бидете заљубени во природата. Материјалите кои ги користи за изработка на куќички од дрво ги собира од надвор, а тоа се најчесто суви шумски плодови, шишарки, желади, суви гранки и трска исфрлена на брегот на езерото.

Таа е среќна што после толку години конечно го работи тоа што ја исполнува. Вели дека занаетото се учи ако се има желба и волја. Секоја рачна изработка која е составена со љубов и мерак за неа е нешто вредно. Работата е бавна, прецизна и бара трпение, но на крајот од денот се ќе се исплати.

Купете некој од производите на Лидија и подрете го на вашите најблиски. Така ќе ги направите среќни и локалците и вашите блиски. Кликнете ОВДЕ за да ги погледнете изработките.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.