11.07.2020
КАЈАКУВАМЕ СО ГАБРИЕЛА: Секое патување е ново искуство и ново доживување
КАЈАКУВАМЕ СО ГАБРИЕЛА: Секое патување е ново искуство и ново доживување
Денес #кајакуваме со Габриела. Истражувач-економист во Центарот за економски анализи, и љубител на патувањето. На својот инстаграм профил @gabrielle_d.s често споделува патувачки фотографии преку кои мотивира на патување и информира за местата кои ги има посетено.

Од твоите фотографии на инстаграм може да се забележи дека си љубител на патување. Каков тип на патување ти одговара? Габриела: Без размислување би рекла дека сум тип за урбано патување, односно урбантуризам, особено пак ако местото кое го посетувам излегува на вода (затоа многу ги сакам Охрид, Струга, Преспа...). Ми се допаѓа кога сум на местото на случувањата, сакам да ги набљудувам навиките на луѓето, да ги почувствувам гужвите од локалното население... Ми се допаѓа кога ја набљудувам архитектурата и да си визуелизирам како се живеело некогаш. Без разлика дали станува збор за патувања вон или во државата.

Според тебе, има ли во Македонија што да се посети? Габриела: Секако дека има. Покрај езерскиот туризам кој прв ни паѓа на памет, но не само на природните езера, туку и на многубројните вештачки езера, Македонија изобилува со одлични услови за планински и рурален туризам. Неодамна работев на една стратегија за развој на руралниот туризам во Преспа, условите и потенцијалите се исклучителни, но волјата и менаџментот од страна на донесувачите на политики е клучна сето тоа да го достигне својот полн сјај. Ние како патувачи можеме само повеќе да покажеме интерес кон домашниот туризам, и постојано да правиме притисок да се вложува во одржување и унапредување на условите за истиот.

Кои места ги препорачуваш да се посетат? Габриела: Го препорачувам секое место каде што претходно не сте биле. Каде и да отиде човек е ново доживување и ново искуство. Дури и да е некое селце со помалку од 10 жители, можеби разговорот со некоја бабичка може да ти отвори нови хоризонти. Замислете, има доста луѓе што дури градовите не знаат точно каде се на мапата, а тоа не смееме да го дозволиме. Но, причините и факторите за ова може во друга прилика да ги дискутираме на долго и широко.

Моите конкретни препораки (покрај Охрид, Струга, Преспа, Дојран :D), се секако незаменливото Крушево и прекрасната Битола со своите околини, потоа водопадите во Југоисточниот дел од Македонија, извонредната природа на селата низ Полошкиот регион...односно, од било каде да се тргне, секој регион изобилува со нешто што вреди да го до добие вниманието на посетителот.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.