05.10.2020

Започнав да развивам туризам со едно празно пластично шише

Започнав да развивам туризам со едно празно пластично шише

Можеби постојано читате класични наслови за топ дестинации кои треба да ги посетите. Секогаш во фокус е нешто кое тие ви го продаваат за вие да го купите. Но има и моменти кога сакаме да ги задоволиме нашите потреби, наместо да купуваме нешто кое сите го имаат.

Добар пример за тоа како е да се биде турист во местото каде што живеете е Александар Петковски. Млад стоматолог од југот на државата. 


Неговата инспиративна приказна која ја раскажува е поразлична од досегашните текстови за многу туристички дестинации. За неговите потреби, искуства и задоволства, вели дека една обична вештачка брана може да прерасне во туристичка атракција.

Низ призмата на Александар, ние сме тие кои создаваме атракција и продаваме приказни на тие кои се заинтересирани да ги купат. Во фокусот на неговата приказна е активниот туризам чиј бенефит го има здравјето.

Повредата на Александар во пределот на грбот на 18 години, му го променува животот за наредните неколку години. Како што минувале годините, така и последиците од повредата се повеќе се чуствувале. Покрај терапијата која ја добивал, докторите му препорачале да почне да се бави со пливање. 


Александар живее во Миравци, село кое во чело е поле, во грб подножје на Кожуф. Овој предел е доста специфичен и интересен за туристите кои сакаат авантуристички предели, а и за развој на гастро туризам бидејќи целиот регион нуди свежи смокви и калинки кои растат насекаде. Со иновативноста во земјоделието во изминатите години достапна е и кивата, а многу од семејствата започнуваат со одлгедување на портокали и лимуни.

Покрај храната, која може да се каже дека е потенцијален фактор за развој на туризмот, овој предел е доста познат и по планинските води, односно природните феномени кои ги создава „Стара Река“ и вештачките езера како „Калица“ и „Габрово“.

Браната „Калица“ се наоѓа на 40 минути пешачење од селото или пак 15 минути по исклучувањето од автопатот Скопје- Гевгелија со вашиот автомобил. Ова брана, како што вели Александар, не паметела пливачи во својата историја. Ретко кој се одлучувал да плива во неа, а камо ли да ужива на крајбрежјето. 


Како лек за неговите потреби, неговиот татко му дава до знаење дека ова брана е совршено место за пливање со шише врзано на себе. Најпрво е во заблудата дека ова место досега никој не го користи за капење и ретко има луѓе овде, освен рибарите во текот на летните денови.

Одлуката да скокне во водите на „Калица“ ја носи со помош на едно празно пластично шише, кое го користи врзано за себе во случај на грчеви додека плива сам. Со тек на пливањето целосно ги заменува базените во Скопје со планинска вода, метежот во градот со чист воздух, започнува да го користи патот до браната за трчање со неговото куче Лео и ужива на крајбрежјето со неговата гитара и друштво.


Доста метафорична е еколошката акција која неговото друштво ја има спроведено на самата брана, а кои собрани пластични шишиња ги подаруваат бесплатно на секој кој е заинтересиран да вложи во рекреација и промоција на активниот туризам.  

Александар плива во браната скоро три години, а интересот да му се придружат повеќе локални жители почна расте изминатата летна сезона. Во текот на летото многу млади од околните населени места и градови уживаа покрај браната, а доста интересен е моментот дека странската полиција која е должна за обезбедување на границите, своето слободно време почна да го користи за капење и рекреација.

Во изминатите неколку месеци започна да се развива кајакарството, локалните жители набавуваат кајаци за уживање во водите. Забележани се автомобили од другите градови, љубопитни туристи кои ја истражувале природата.

Александар се надева дека популарноста на ова брана и целиот регион кој нуди извонредни патеки за трчање и велосипедизам ќе расте и понатаму. Тој ги кани сите кои се заинтересирани за трчање во природа, возење велосипеди по доста интересни камени патишта и патеки.  

„Мојата цел е да пренесам порака дека активен туризм може да се развива насекаде. Најважно од се е граѓаните да имаат волја и да го користат своето слободно време во инвестирањето во здрав и активен начин на живеење, а да го скратат времето пред телевизор или телефон“ вели тој и додава дека природата во секој крај од Македонија дава простор за повеќе уметност и спорт,а со тоа се отвараат нови хоризонти. Активниот туризам влијае на расположението и здравјето пред се.


За сите вам кои ви се допаднаа фотографиите и приказната на Александар и доколку сте заинтересирани да го посетите ова место, сакаме да ве запознаеме со уште една доста битна станица на која мора да застанете. Станицата „Стара Река“ или местото именувано како „Бел Рај“. Ова е совршено место за одмор по тренингот или пливањето. Локалот којшто работи во текот на цела година се наоѓа од двете страни на реката, со одличен природен шум и спокој. 


За љубопитните авантуристи кои сакаат да продолжат по патот нагоре, ви даваме до знаење да дека по патот ќе ве пресрети планиското село Габрово, а доколку продолжите по него ќе ја запознаете и истоимената втора брана, каде патиштата се разделуваат кон напуштениот излетнички дом „Висока Чука“, па излетничкото место „Коњари“ се до планинскиот дом и ски центарот „Кожуф“ кој во моментот не функционира, а го препорачуваме на сите љубители на „адреналински сноубординг“ поради дивите патеки и доста специфичниот предел.


Овој текст е создаден за потребите на швајцарската програма ИМЕ во соработка со Алекс Цревар, новинар и уредник и е редовен дописник за The New York Times, National Geographic Travel, Lonely Planet и Adventure Cyclist magazine.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

2 Април – Светски ден на аутизмот: Подигнување на свеста и прифаќање

2 април е Светски ден на аутизмот. Дознајте повеќе за свеста, прифаќањето и поддршката на лицата со аутизам.

Артемис: како НАСА ја враќа човечката истражувачка мисија на Месечината

Мисијата Артемис на НАСА го враќа човекот на Месечината, носејќи нови откритија, астронаути и технологии за идни вселенски истражувања.

Ова езеро во Европа е скриен бисер што мора да го посетите

Откријте го Охрид во Македонија – кристално чисто езеро, старински град, мирни залези и достапни активности. Скриен бисер на Европа што мора да го посетите!

10 причини зошто Македонија треба да биде твојата следна дестинација

10 работи што мора да ги доживееш во Македонија | Туризам, природа и авантура Откриј ги најдобрите дестинации во Македонија – од Охрид и Матка кањон до Шар Планина и Маврово. Совети за природа, авантура, култура и локална храна.

Демир Капија: водич за кампинг, авантура и природни доживувања во Македонија

Демир Капија: кампинг, авантура и природни доживувања во Македонија Истражете го најдобриот кампинг и активности на отворено во Демир Капија – пешачење, кајак, велосипедизам и локални винарии. Доживејте природа, авантура и незаборавни моменти во Македонија.

2026 FIFA World Cup: Глобален бум на туризам и патувања

Светскиот куп 2026 во САД, Канада и Мексико ќе го движи глобалниот туризам. Откријте како навивачите, хотели и патувања се подготвуваат за милионите фанови и економскиот бум.