25.07.2020

Зошто се решив животот да го поминам нуркајќи во охридско езеро

Зошто се решив животот да го поминам нуркајќи во охридско езеро

Запознајте го Никола Паскали. Човекот кој уште од многу мал е опкружен со нуркачка опрема благодарение на неговиот татко кој исто така е нуркач, еден од првите во нашата земја.


Дедому е познат тренер по пливање, пливач, едриличар, вљубеник во водените спортови. Исто и Никола е голем вљубеник во водените спортови.

На свои 12 години започнува како рекреативен нуркач на отворени води до 18 метри (2002 година). Нурка цели 20 години, а професионално повеќе од 10 години.

Интересна е неговата комбинација. Тој е дипломиран археолог, специјалност за подводна археологија, истражувач, спелео нуркач, подводна фотографија... Нуркањето е дел од неговиот живот. Начин на живот, опсесија.


Не му претставува никакво проблем за тоа во кој период од годината сака да нурка. Често нурка сам. Предноста со тоа што живее покрај Охридското Езеро му дава максимално да го искористи времето што повеќе да биде под вода.

Семејството му е голема поддршка. Сета фамилија со традиција е по во водените спортови. Како успеси во неговата кариера ги наведува рекордите во подводната пештера Врело на Матка кој ги постигна како тим од странски и Македонски нуркачи од 2011 до 2017 година.


КАКО ИЗГЛЕДА ЕДНА ТУРА КОЈА ЈА ОРГАНИЗИРА НИКОЛА, ПОГЛЕДНЕТЕ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ



Нивниот Нуркачки Центар нуди три типови на нуркања. Пробно нуркање, нуркање за рекреативни нуркачи и нуркање за професионални нуркачи. Обично тие кои сакаат да пробаат да нуркаат ги носат на нуркање во стариот дел на градот кај плажата Сарајште. Овој локалитет изобилува со флора и фауна, има и еден историски подводен споменик. Тоа е старата шина за кревање на бродови.


Исто така имаат и место кое изобилува со голем број на подводни извори, многу ендемични школки, ракчиња, полжави. Исто така  организираат нуркања низ целото крајбрежје на Охридското Езеро. Ги носат клиентите да набљудуваат слатководни ракови, нуркат на потонатите бродиви од 1887 година кај Струга, изворите кај Св.Наум, карпести формации кај Трпејца, Заум, Градиште, моноксилот кај Св.Наум и многу други локации.

Контакт: 077-800-539, @AkvatekOhrid, [email protected]

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.