15.06.2021
Дедо, татко и внук: Приказна од Охридското крајбрежје за три успешни генерации
Дедо, татко и внук: Приказна од Охридското крајбрежје за три успешни генерации
На крајбрежјето на Охридското езеро ќе слушнете милион приказни, но приказната која ќе ја прочитате денеска е поразлична од останатите. Дека занаетот се пренесува од колено на колено, говори приказната на Никола Паскали, човекот екологист, нуркач и промотер на убавините на Охридското езеро.

Никола е професионален нуркач, има свое друштво именувано како „Акватек“, а сета љубов кон водата и водените спортови ја наследува од неговиот дедо и татко.

Тој ни го раскажа фамилијарниот ланец и развојот на семејниот бизнис на брегот на езерото. Неговиот дедо Александар Паскали- Цане, е познат пливач, тренер, судија по пливање и ватерполо, или со еден збор, вљубеник во езерото. Дедо му го купува својот прв глисер во далечната 1968 година, Перкинс 40, но претходно поседувал кајче во кое го водел Никола на риби секое утро.

Неговиот татко Кочо Паскали е пионер нуркач во Македонија, ватерполист и голем вљубеник во езерото. Тој е меѓу првите истражувачи на „Заливот на Коските во 1997-та година. Доста е ангажиран околу подводната археологија во Охрид и околу позната Охридска Куќа каде денес се наоѓа нуркачкиот центар „Акватек“.


Освен туризмот, истражувањата и екологијата, семејството на Никола има учествувано на неколку македонски филмови. Татко му Кочо, бил активно ангажиран за филмот „Исправи се Делфина“, каде на пополуарната сцена со глисерот со Неда Арнериќ, тој е нејзиниот возач.


Никола Паскали е третата генерација или најмладиот во низата кој го презема и води семејниот бизнисот. Работи како туристички водич, копнен и подводен археолог, истражувач, спело нуркач, фотограф и екологист кој секоја година спороведува акција за чистење на дното на Охридското езеро.


Со нуркање се занимава веќе 19 години, а професионално 10 што за него ова не е само работа, туку и хоби,
забава, струка и опсесија.
Охридското Езеро за Никола е нешто свето. Должност му е да го чува и негува. Неговот живот, сите спомени од минатото и од неговите предци, незаборавните авантури, работата и забавата се поврзани со него.

Среќен е што успеал да направи интересен спој. Од нуркање, археологија, туризам и екологија. Вели дека нуркачкиот центар „Акватек“ не е само туризам. Тоа е совршен спој од археологија, спеологија и биологија. Центарот е вистински промотор за чиста животна средина и зелен Охрид.

Исто како и неговиот татко, Никола има работено на доста македонски филмови. Почнувајќи од филмот „Деца на Сонцето“, нуркачки сцени во Преспа заедно со македонскиот актер Владо Јовановски, филмот „Дедо и Внук“ од Илија Пиперкоски и дел од сценографијата на познатата македонска комедија „Преспав“. Не го исклучува ниту податокот дека има работено со продукциска куќа од Холивуд за филмот „Паднати Ангели“ на кањонот Матка.

Никола вели дека ја преживеале пандемијата од „Ковид-19“. Како и сите други туристички работници, брзо се прилагодиле на протоколите и условите за работа. За него пандемијата е само добра животна лекција која му отворила нови хоризонти во работењето.

За престојното лето е сконценриран на нуркачки тури на плажата Срјшче (Сарајште). Ова плажа има многу историја. Тука е куќата на Садило кој е позната музичка легенда во Охрид, куќата на Климе Савин во чија чест е именувана пливачката патека на маратонот во Охрид, куќата на Христо Узунов, а на длабочина од 3 метри има стара дрвена шина која се користела за кревање на бродовите. Никола вели дека на дното има и доста керамички садови од осмалниско време кои тогашните фамилии имале адет да фрлат земјин сад во вода кога ќе им почине близок.

Доста значајно е тоа што Охридското езеро има доста ендемични видови на флора и фауна, вели Никола. Од тие причини скоро 10 години учествува во волонтерски еколошки акции и кампањи за подигнување на свеста кај луѓето за чиста животна средина, а има и одлична соработка со Хидробиолошкиот Завод во Охрид.

Никола има уште два брата и една сестра. Тој е оженет и има две деца, за кои тимот на Кајак.мк ќе остане во исчекување да ја раскаже приказната на четвртата генерација. Но до тогаш, ни преостанува да уживаме во турите кои тој ги организира.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Кога последен пат сте биле туристи во сопствената земја?
Откријте ги убавините на Македонија од поинаква перспектива. Идеи за излети, викенд патувања, скриени места, природа и автентични доживувања што можеби ви се поблиску отколку што мислите.
Целосно затемнување на Сонцето 2026: Патување до најголемиот небесен спектакл во Европа
Откријте го целосното затемнување на Сонцето во 2026 година и најдобрите места во Европа за уникатно патување исполнето со природа и астрономија.
Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер
Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.
Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен
Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.