21.11.2020

Шумска вила идеална за изнајмување овој период од годината!

Шумска вила идеална за изнајмување овој период од годината!

Снегот ни е на самиот праг, а со тоа и отварањето на зимската сезона. Но не значи дека треба да чекате да падне снегот за да прошетата некаде. Во моментот имаме доста атактиви локации кои соодвестуваат со убавините на есента. Студот, ветерот и маглата може само да бидат шлагот на тортата доколку се решиме да отпатуваме и престојуваме на планина. 

Во повеќе наврати пишувавме за „Осоговските планини“ а еве уште еден предлог за добар викенд или за добра работна недела од новата “дома“. Како еко тим од секогаш сме посакувале да ве убедиме дека работата во природа може да биде многу поефикасна. За оние кои работат од дома, наш предлог е да ја заменат својата домашна канцеларија со еднонеделен престој во вила на планина. 


На предлог за престој во крајната фаза на месец ноеври е ова уникатна планинска куќичка која се наоѓа на Пашаџиково, односно непоредно пред ски-центарот Пониква. Ова вила е идеална за повеќе типа на туристи. Од туристи кои сакаат мирен одмор во изолација, до луѓе кои сакаат активен одмор, планинарење, пешачење во природа, собирање печурки, велосипедизам, а за кратко и скиење. 

 

Покрај чистиот воздух Пониква нуди и ред други можности за уживање и релаксација. Тука се мисли пред сѐ на пешачките патеки, 16 километарските долги патеки за пешачење кои водат до највисокиот врв во овој регион - „Царев врв”, скијачките терени кои во последно време стануваат многу популарни како поради одличните ски патеки и лесно достапните терени за почетниците кои се уште учат да скијат.


Повеќе информации и фотографии од вилата ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.