10.04.2020
Нотр Дам повторно во функција со служба за Велики петок
Нотр Дам повторно во функција со служба за Велики петок
Во Катедралата Нотр Дам, која пред една година беше оштетена во пожар, парискиот надбискуп Мишел Упети ќе ја предводи службата по повод Велики петок според грегоријанскиот календар. За време на церемонијата, планирани се молитви, читање религиозни текстови и музика, но без поголемо присуство на верници.
@stevenlasry
Службата, на која ќе учествуваат само мал број луѓе, бидејќи катедралата е затворена за јавност, ќе биде пренесувана во живо.
Во пожарот што се случи на 15 април минатата година целосно беше урнат кровот на катедралата. Француската престолнина е во карантин поради коронавирусот.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!