02.03.2021

Кампуваме низ цела Македонија, секој авантурист може да ни се придружи

Кампуваме низ цела Македонија, секој авантурист може да ни се придружи

Пролетта ни тропа на врата, југот на Македонија веќе е прилично зелен, а желбата да се скокне во вода се повеќе расте. Март е месец на двоумење! Дали утре ќе падне нов снег или ќе блесне јако сонце. Но како и да е, Македонија започна да се буди од зимскиот сон.

Новата сезона која е пред нас ќе биде дефинитивно во полза на авантуристите, на луѓето кои сакаат мир при патувањето, на луѓето кои сакаат да избегнат гужва и да уживат изолирани во недопрената природа.

Новата година ќе биде година на луѓе како „Overland Adventures Macedonia“. Нив можете да ги погледнете на инста, а овде можете да прочитате нешто повеќе за нив.


Проектот го составуваат поединци вљубени во планината и природата кои повеќе од 10 години ја промовираат Македонија на еден поинаков начин. Нивното друштво се состои од 6 члена, а како што велат тие, секој кој е расположен за добра авантура во Македонија, може да им се придружи.

„Оверлендингот“ е комбинација од повеќедневно Off-Roud“ возење со џипови и кампување во природа на однапред дефинирани рути и локации.


Целта на ваквите тури е да се посетат специфични места за одредени региони, како би ги испромовирале на интернет.

За месец Март предлог од друштвото за кампување се Осоговските планини. Тие велат дека нашата земја е преполна со природни убавини, реки, езера, планини, секој регион е посебен и секој си има свои карактеристики што би оставил посебен впечаток, но бидејќи е се уште ладно препорачуваат кампувањето да биде некаде на пониските места.


Колку денови се идеални за кампување во Македонија, не може да ни одговорат бидејќи како што велат, секогаш им се премалку. Според нив, за да се почувствува реалниот „оверлендинг“ потребно е една недела континуирано возење и кампување со претходно подготвена логистика.

Она што ви е најпотребно при вакво кампување е технички исправно возило, прва помош, топла облека, вреќи за спиење, шатор, доволно вода за пиење, храна однапред предвидена за периодот на авантурата, разни алатки и слично.


За ова лето планот им е да ја извозат цела Македонија долж границите. Ова авантура треба да трае од 10 до 12 денови. Гледано оптимистички се надеваат дека ќе успејат. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.