14.05.2020

За оние што купиле авионски карти и аранжмани – наместо да бараат пари назад, да прифатат ваучери со рок од една година

За оние што купиле авионски карти и аранжмани – наместо да бараат пари назад, да прифатат ваучери со рок од една година

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:  Луфтханза од јуни почнува со летови на 106 дестинации во Европа

Европските авио и туристички компании треба да понудат ваучери за патниците на летовите и туристичките патувања кои биле откажани, а кои би имале важност од најмалку 12 месеци, препорачува Европската комисија, со цел да ги охрабри патувањата и туризмот во Европа.

Препораките, што треба да бидат објавени денеска, предвидуваат на патниците да им бидат понудени прифатливи ваучери за да не бараат целосна наплата, пренесуваат британските медиуми.

Земјите-членки на ЕУ побараа од Комисијата да го суспендира правилото според кое авиокомпаниите мора целосно да ги надоместат трошоците за откажаните летови поради ситуацијата. Новите препораки не предвидуваат прекинување на ова правило, но нудат компромис за да му помогнат на секторот во оваа тешка криза.


Комисијата, исто така, ќе им препорача на земјите-членки да ги гарантираат овие ваучери во случај на инсолвентност на компанијата, се вели во документот. Ваучерите треба да ги нудат истите услуги и правци, во случај на лет, и услови за патување како и оригиналната резервација.

Авиокомпаниите од цела Европа, вклучително и „Луфтханза“ и „Ер Франс-КЛМ“, побараа државна помош затоа што поради ситуацијата мораше да ги заземјат своите огромни флоти. Клиентите кои нема да користат ваучери автоматски ќе добијат поврат на средствата во рок од 14 дена од истекот на нивната важност.


Во случај на ваучери кои важат повеќе од една година, патниците треба да побараат целосна наплата во рок од 12 месеци од датумот на издавањето на ваучер, се вели во документот.


За да им помогне на најтешко погодените авиокомпании и туристичките компании, ЕУ исто така ги повикува организациите на потрошувачи и на патници на сите нивоа да ги охрабруват патниците да прифаќаат ваучери, место да бараат наплата. Комисијата со ова не го суспендира законот за заштита на правата на патниците затоа што препораките не се правно обврзувачки. Ова значи дека потрошувачите се оние кои ќе решат дали да го прифатат ваучер или да побараат целосна наплата.

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 

Слушајте ја локалната музика додека се возите низ вашиот омилен град со ова апликација

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.