27.05.2022

Модерна вила во Маврово: Поинаква димензија за престој

Модерна вила во Маврово: Поинаква димензија за престој

Уште една модерна вила ни пристигнува во светот на Кајак.мк. Овојпат во Маврово. Вилата е нова градба, со уникатен ентериер и модерен надворешен изглед.


Идеална е за секаква категорија на патувачи, а особено за луѓе кои бараат објекти каде што ќе може да си ја “преселат“ својата он-лајн канцеларија во природа на извесно време.

Маврово е дестинација која заслужува да ја посетите во текот на летниот период. Прекрасни пејсажи, прекрасна природа и секако атракции кои ќе ве поттикнат да бидете активни во слободното време.


Преку летниот период во функција е жичарницата што води до „Старо Бачило“, а од каде менаџментот најави дека наскоро ќе започнат со работа.


За љубителите на велосипедизмот, тимот на Кајак.мк ги советува да ги понесат своите велосипеди бидејќи им се нуди можност за утринско возење околу езерото.


Три работи кои ќе ве поттикнат да се преселите во Маврово преку лето: Слобода, чист воздух и добра храна.

Повеќе инфо за сместувањето, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.