08.02.2021

Изнајмете ја ова вила на Пониква која е изолирана во густа шума од ариш

Изнајмете ја ова вила на Пониква која е изолирана во густа шума од ариш

Секоја шума има своја предност, а сигурни сме дека многумина од вас се уште немаат слушнато за шума од Ариш? Ариш е дрво кое расте во Македонија, а Пониква е позната по ова. Во Македонија аришот е доведен во 1950-тите и e застапен со два вида: европски ариш и јапонски ариш. 


Нашата база со приватни сместувања се надополнува со уште една уникатна вила на Пашаџиково, Пониква. Вилата „Осоговски Ариш“ го носи името од истоименото дрво, за кои дрва сопствениците ни раскажуваат дека создаваат природна бања поради идеалната надморска височина од 1200 метри. 

Опколена со Аришова шума, ова вила е уште една одлична опција за луѓето кои работната недела им е исполнета со турбуленции, па за викенд бараат катче каде ќе може да „одморат глава“.

Вилата „Осоговски Ариш“ располага со три спалани соби, две купатила, дневен престој и прекрасен двор. Вилата има камин на дрва во дневниот престој, а спалните соби се опремени со електрични панели.

Во вилата може да се сместат до 10 лица. Опремена е со чисти пешкири, прекривки и навлаки. Подигнувањето на клучот е од локацијата која ќе се договорите со сопствениците. 


Градот Кочани се наоѓа на 13 километри од вилата. Пониква е плус причина поради која треба да престојувате во овој регион. Покрај чистиот воздух Пониква нуди и ред други можности за уживање и релаксација.
Тука се мисли пред сѐ на пешачките патеки, 16 километарските долги патеки за пешачење кои водат до највисокиот врв во овој регион - „Царев врв”, скијачките терени кои во последно време стануваат многу популарни како поради одличните ски патеки и лесно достапните терени за почетниците кои се уште учат да скијат.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови

Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Ново на kajak.mk: Ново водено адреналинско искуство на Охридското Езеро

kajak.mk носи ново водено искуство во Охрид – приватна eFoil обука со професионален инструктор и комплетна опрема на Охридското Езеро.