14.12.2020
Изнајмете ја ова викендица на Пелистер која е волшебна во снежните месеци!
Изнајмете ја ова викендица на Пелистер која е волшебна во снежните месеци!
Декември е дефинитивно месец кога на нашиот туристички сервер се пребаруваат вили кои се исклучиво на планина. Секако по Нова Година ќе започнеме постепено да ги додаваме и вилите за престојната летна сезона, но дотогаш ни останува да ве запознаеме со она што можете дирекно да го резрвирате преку нас. За денеска ја имаме вила Пирамида. Самата вила е именувана според нејзиниот надворешен изглед кој е во форма на пирамина, но внатрешноста е сосема нешто поразлично. 
Сепак пред да ве запознаеме со вилата, мора да има причина поради која би требало да го посетите овој регион. И самите веќе сте добро запознаени со фактото дека нашиот тим му дава огромно значење на вистинскиот поим за туризам, односно, активниот туризам, спортувањето, дегустирањето на храна и ред други работи кои се со цел да им дадат поддршка на локалните бизниси.
Кога веќе се качуваме на Пелистер, треба да знаеме дека на ова планина се наоѓа ски центарот „Копанки“.
Ски центарот ,,Копанки“ располага со две жичарници: Бегова Чешма- Копанки која има ски стаза во должина од 680 метри и ски лифт со стаза „Копанки“ која е во должина од 580 метри. 
Вилата Пирамида се наоѓа недалеку од ски центарот односно во село Дихово и веднаш до главниот пат што води до Ниже Поле. Локацијата на вилата е во мирна, чиста и живописна средина.
Доколку сакате да прочитате повеќе информации за неа, да погледнете фотографии и да извршите резервација, ве молиме кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.