03.03.2024

Започнуваме со организирање рафтинг авантури на Тара

Започнуваме со организирање рафтинг авантури на Тара

За сите наши патувачи и авантуристи кои сакаат да го истражат најголемиот и најубав кањон во Европа- Кањонот Тара, сакаме да ве информираме дека тимот на Кајак.мк заедно со наши парнери од Босна започнуваат со организирање на групни патувања и авантури токму на оваа локација. Што значи групни патувања? Ваквите патувања ги организираме за компании, приватни друштва и инидивидуални групи кои се над 10 лица.


Оваа уникатна дестинација е идеална за сите кои сакаат да го истражат овој предел кој е на самата граница помеѓу Босна и Црна Гора, како и да ги посетат фантастичните предели на двата национинални паркови- Сутјеска и Дурмитор.


Дозволете ни да ви раскажеме за нашата нова понуда. Базата на сместувањето и базата на „Рафтинг на Тара“ се наоѓа покрај самата река Дрина, на еден час од нејзиното спојување со реките Тара и Пива. Околу самата база се прострираат зелени шуми и кристално чисти води кои ги освојуваат срцата на сите авантуристи.


Во самиот регион се организираат разни рафтинг тури, фото-сафари, јавање на коњи, зип-лајн, пејнтболм и возење на AVT мотори.

Нашите патувања кои ќе ги организираме овде се наменети за групи над 10 лица, кои имаат вклучено две ноќевања во прекрасни бунгалови за две, три, четири или пет лица, а кои се опремени со сопствено купатило и тоалет. Вклучен појадок, ручек и вечера која е 100% домашна храна и која соодржи говедски и телешки специјалитети, скара, појадок со домашна пршута, сирење, крем, сланина, локални компири, а за вегетаријанци и вегани има посебни вкусни оброци со локални намирници.


Покрај рафтингот, во самата база има и бар кој им е на располагање на гостите, а во кој се организраат разни забави со локални бендови и изведувачи.

За групите кои се заинтересирани за вакви авантури, повеќе информации, фотографии како и опција за испраќање на барање за резервација на термин може да најдат со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!