24.12.2020

Вила во село Рамне нуди волшебен поглед кон Охрид од својот двор

Вила во село Рамне нуди волшебен поглед кон Охрид од својот двор

Замислете си дека е јануари. Надвор е се бело, а вие со вашето семејство или најблиски уживате во вила која ви нуди феноменален поглед кон Охрид и езерото. Дали сте слушнале за село Рамне. Едно од подзаборавените мирни и тивки села над Охрид. Кајак.мк го става на листата од предлог дестинации за патување кои се соодветни да уживате во зимата.

Во село Рамне се наоѓа уникатна вила која можете приватно да ја резервирате. Вилата „City view apartmen“ е идеална за луѓе кои бараат мир и тишина, а особено за љубителите на панорамските пејсажи, езерото и квалитетното вино им се во преден план за време на патувањето.

До село Рамне има асфалтиран пат, а кој често се користи за пешачење или велосипедизам. Она што е доста битно да напоменеме е дека селото Рамне е поврзан и со земјин пат до Велестово кое село исто така има прекрасен поглед кон Охрид, а која може да биде ваша дневна маршута за исполнување на денот. 

Вилата има две соби со тоалет, огромен двор со прекрасен поглед кон градот. 

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии, информации од вилата и начин на резервација кликнете ОВДЕ.


Во околината на селото се наоѓа хидроцентрала која е меѓу првите изградени во Македонија а каде има многу живописна природа и извори на вода. 

Што се можете да посетите во околината на сместувањето:
Археолошки наоѓалишта
Кумбаревци — средновековна црква и некропола;
Макла — средновековна некропола;
Манастири — средновековна црква и некропола;
Рамненски Лозја — населба и некропола од римско време;
Св. Атанасија — средновековна црква;
Св. Варвара — средновековна црква и некропола;
Св. Врачи — средновековна црква и некропола;
Св. Илија — средновековна црква; и
Туше Варница — средновековна населба.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.