25.06.2022

Викенд дестинација: Село Истибања и ресторанот Саваро

Викенд дестинација: Село Истибања и ресторанот Саваро

Нашиот гастро караван движи низ Македонија со брзината на светлината. Скоро секој ден ве запознаваме со нови попатни гастрономски дестинации каде можете да се нагостите со одлични специјалитети.

Покрај храната, тимот на Кајак.мк настојува да ве запознае и со околината кадешто е стационирана нашата гастрономска дестинација, како би можеле да го исполните вашиот слободен викенд со активности во природа.


Од денеска во нашата база на „Гастрономија“ е ресторанот Саваро, кој се наоѓа на магистралниот пат од Истибања до Македонска Каменица. За оние кои не слушнале за село Истибања, во ова селце големо туристички потенцијал имаат лековитите геотермални бањи. Низ селото тече реката Брегалница, а над селото се наоѓа Истбањската брана и кањонот на реката Брегалница.


Оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот им препорачуваме да ги посетат двете цркви посветени на Св.Петка и Св.Стефан. Секоја година во септември во селото се оддржува и фолклорен фестивал „Здравоживо“ на кој има доста групи од Македонија и светот.


Домаќините кои ни ги отворија вратите за ресторанот Саваро велат дека објектот работи од 2007та година и до него можете да пристигнете со било каво возило бидејќи имаат голем сопствен паркинг.


Уникатноста на ресторанот е во местоположбата, бидејќи околу ресторанот има природа, зеленило, река, а објектот има голем и простран двор со трева, дрвца и парк за мали деца со разни реквизити.


Гостите бараат локации кои што се надвор од метежот и гужвата, од тие причини чето го посетуваат ресторанот.

Како специјалитети се издвојуваат „Саваро салата“ и поховани тиквички. Исто така, скараа и мучкавицата како специјалитет. Но дефинитивно најбарани специјалитети се издвујуваат рибата, како крапот и пастрмката.

Доколку сакате повеќе контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.