20.11.2020
Кајак.мк ги открива луѓето кои ќе го трансформираат туризмот во 2021: Никола во Охрид
Кајак.мк ги открива луѓето кои ќе го трансформираат туризмот во 2021: Никола во Охрид
Се приближува крајот на 2020-та година. Година кога научивме многу лекции, година кога дознавме многу за туризмот во нашата земја. Година кога го засакавме туризмот повеќе отколку претходно. На вратата ни тропа 2021-та, година која ни дава надеж дека вакцината ќе биде достапна за секого, година кога повторно ќе ни се отворат границите и ќе можеме да отпатуваме надвор од државата (слободни), а Македонија повторно ќе ја посетуваат странски туристи.

Надеж ни даваат и луѓето кои покрај пандемијата, амбициозно инвестираат во развој на туризмот. Прва приказна која ја објавивме беше за Ѓорѓи од Пехчево, а сега патуваме во Охрид каде разговараме со Никола Паскали. Тој нуди несекојдневни атракции на Охридското езеро, кои понуди можете да ги најдете на нашата платформа во категоријата „Каде овде“.

Никола е човекот кој уште од многу мал е опкружен со нуркачка опрема благодарение на неговиот татко кој исто така е нуркач, еден од првите во нашата земја. Дедому е познат тренер по пливање, пливач, едриличар, вљубеник во водените спортови. На свои 12 години започнува како рекреативен нуркач на отворени води до 18 метри (2002 година). Нурка цели 20 години, а професионално повеќе од 10 години. Никола е познат по своите подводни тури кои ги организира, но за 2021-ва ни подготвува нешто ново во понудата, а тоа е СНОРКЕЛ тури. Ова се крајбрежни тури кои може да ги организирате со водич или сами. Се изнајмува маска, перај и одело. 
За оние кои сакаат повеќе информации:
Опрема за овој вид на спорт е составена од маска, дисалка и пераи. Во зависност од температурата на водата и времетраењето на активноста се користат и неопренски одела со најразлична дебелина. Има и одела кои се користат за заштита од сонцето. Првенствено се плива на површината од водата без да се подигнува главата за да се земе здив. Воздух добивате преку дисалката која е прицврстена на маската. Повремено нурнувате за да истражете нешто интересно на дното од водената површина.
Охридското Езеро изобилува со прекрасни предели за ваков тип на авантуристички активности. Уникатниот спој на природно и културно наследство заедно со крајбрежните охридски стари приказни нема да ве остават рамнодушни.
Нивниот Нуркачки Центар нуди три типови на нуркања. Пробно нуркање, нуркање за рекреативни нуркачи и нуркање за професионални нуркачи. Обично тие кои сакаат да пробаат да нуркаат ги носат на нуркање во стариот дел на градот кај плажата Сарајште. Овој локалитет изобилува со флора и фауна, има и еден историски подводен споменик. Тоа е старата шина за кревање на бродови.
Дали можеби и вие имате што да понудите за развој на туризмот во 2021-ва? Пишете ни, ве очекуваме!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!