06.03.2020
4 плажи за вистинско уживање
4 плажи за вистинско уживање
1. Навагио – Закинтос, Грција – на морскиот рај на островот Закинтос можете да стигнете само со брод кој ве води на тура каде имате 1 час за уживање во местото Порто Вроми и на оваа плажа.

Високите карпи го окружуваат белиот песок и создаваат прекрасно заливче познато како Shipwreck bay.
2. Плажата Папагајо – Ланзароте, Шпанија – општо е познато дека убавините најчесто се недостапни, па така и овде може да дојдете само пеш, или со велосипед.

Ланзароте е северозападен остров на Канарите, а оваа плажа е најубава во околината и пошироко.
3. Златни рат – Бол, Хрватска – оваа песочна плажа го менува обликот во зависност од ветровите.

По уживање во морето и плажата, ладовина може да најдете под сенките на боровите.
4. Кала Тарида, Ибица, Шпанија – Ибица не е само место за забава. На овој остров е сместена една од најубавите плажи – Кала Тарида.

Далеку од вревата се крие ситен песок и сино кристално море – совршено за одмор.
Извор: https://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!