24.06.2020
Грција лани ја посетиле 948.000 македонски државјани и потрошиле 114 милиони евра
Грција лани ја посетиле 948.000 македонски државјани и потрошиле 114 милиони евра
Минатата година, Грција ја посетиле 948.000 македонски државјани, бројка што е за 20 отсто помала во споредба со туристите во 2018 кога имало 1.187 000, според официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Во однос на приходите за Грција од туристите од Северна Македонија, лани достигнале до 114 милиони евра, за 26,3 отсто помалку во споредба со 2018 година. Просечниот трошок по лице е 121 евро, а просечниот трошок по ноќевање, 48 евра.
Конкретните податоци од Банката на Грција ги користи Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси, фокусирајќи се на патниот туризам во Грција во периодот 2012-2019 година, односно го анализира туристичкиот бран преку копнените граници и туристите од Северна Македонија, Албанија, Србија, Бугарија, Романија и Турција.
Минатата година, преку копнените граници, кај јужниот сосед пристигнале вкупно 9.6 милиони туристи, со 38.2 милиони ноќевања и 1.8 милијарди евра приход за Грција. Со што патниот туризам претставува 30,6 отсто од вкупниот број пристигнувања во земјата и носи 10,1 процент од вкупните приходи.
Конкретно за нашата земја, според анализата на Институтот, како во однос на приходите, така и во однос на бројот на ноќевања, по нагорниот тренд до 2014 година, следи тренд на намалување, а од 2015 опаѓаат и бројот на ноќевања.
Доколку се направи споредба на бројот на пристигнувања од Северна Македонија во Грција во изминатите осум години, најмногу имало во 2015 година, 3.018.363, а најмалку лани кога за прв пат бројката е под еден милион.
Слична е ситуацијата и во однос на бројот на ноќевања. Во 2014 и 2015 година имало над шест милиони ноќевања, а лани 2.348.726.
Со намалениот број пристигнувања и ноќевања се намалиле и приходите за Грција од туристи од нашата земја, па од 203 милиони евра во 2013 година, 261 милион во 2014 и 245 милиони евра пред пет години, лани се намалил на 114 милиони евра.
Северна Македонија е на 27-то место од вкупниот број на пристигнувања во Грција, а на шестото во однос на пристигнувањата по копнен пат.
– Во однос на вкупниот дојдовен туризам во Грција, Северна Македонија се наоѓа на 27-то место, а Грција е популарна дестинација за С. Македонците. Во 2019 година, 30 отсто од трошоците од туристите од С. Македонија во Грција се во вториот квартал, а 44 проценти во третиот. Исто така, во 2019 година, 27 отсто од пристигнувањата на С. Македонците во Грција се во вториот квартал и 40 отсто во третиот, додека 31 процент од ноќевањата се во вториот и 52 проценти во третиот квартал, пишува во анализата на Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!