18.05.2021
Започнав со дрвена лажица за ајвар, но стигнав до Олимписките Игри
Започнав со дрвена лажица за ајвар, но стигнав до Олимписките Игри
Доста луѓе не контактираат се со цел да прашат дали продаваме
кајаци, што е сосема нормално ако се земе предвид дека името на нашата
платформа е Кајак. Ништо спорно дечки, напротив, ова е супер момент,
бидејќи укажува на тоа дека расте
интересот кај македонците за активности во природа.
Ваквата ситуација не поттикна да разговараме со Лазар Поповски, активен кајакар кој има испишано многу успеси, а денеска важи за еден од луѓето кои се најзаслужни за успехот на кајакарството во Македонија.

Нема љубител на кајакрството, а да не го познава Лазар. Но за останатите, ова четиво би било добар мотив да започнете со нешто
ново во животот, кое можеби би било кајакарењето.
Лазар вели дека бил доста активен од најрана возраст. Се сеќава дека редовно веслал во леѓен со дрвена лажица за ајвар, а за првпат во Кајак влегува откако научил да плива. Сето ова го учи во неговиот прв и единствен клуб „Илинден 90“.

Љубовта кон кајакарството ја наследува од неговиот татко Мичо Поповски. Поранешен кајакар, државен првак, тренер и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет. Заедно настапиле на четири Олимписки Игри, ни раскажува Лазар и додава дека ќе му биде благодарен за секој ден поминат во овој прекрасен спорт.

Реката Треска, во Матка е неговото игралиште од детство, но
со тек на време на реката се гради и сериозна база за тренинг каде Лазар се
подготвува за настап на Светски, Европски Првенства, Олимписки Игри. Денеска на
реката Треска се наоѓа седиштето на Кајак Адвечрс Македонија. Што се однесува
за рекреација и тим билдинг, секогаш прв избор му е Мавровското Езеро.
Македонија има изворедна географска положба и блага клима која овозможува кајакарските активности за рекреација да започнат од фебруари и да се одвиваат некогаш и до средината на ноември, смета тој.

Кајакарењето како спортско-рекреативна активност е една од
најбрзо растечките дејности во светски рамки. Лазар вели дека трендот е
присутен и кај нас како за кајакарење така и за стоечко веслање. Но сепак за
возење кајак е неопходна претходна обука и оттука не може овој спорт да се
споредува со популарноста на возење велосипед.
Во првите години откако „Кајак Адвенчрс Македонија“ започнал со
работа имале доста странски туристи ентузијасти кои претходно имале искуство, но денеска, покрај странските туристи кои во
моментот се на „стенд бај“, се почести се и домашните туристи кои
ја препознаваат нивната експертиза, безбедноста која ја нудат и искуството.

Домашните туристи се најчесто ентузијасти кои сакаат да научат нови вештини, конкретно кајакарење, но често мотив е и само еднодневен излет на вода во природа, вели тој. Од тие причини започнале да организираат кајак школа, еднодневни и повеќе дневни курсеви за кајакарење на река или езеро. Дел од тие тури се: Кајак тура по реката Треска од Матка до Сарај во должина од 7 километри, еднодневни излети на било кое езеро за рекреација или тим билдинг и секако расположени се за персонализиран концепт во зависност од идеите на туристите.
За оние кои се заинтересирани, може да стапат во контакт со Лазар
на 071 200 200.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.
Галичката свадба повторно го оживеа Галичник
Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.