15.05.2020
До 14 јуни 2020 година забрана за летови на релација Македонија-Грција и обратно
До 14 јуни 2020 година забрана за летови на релација Македонија-Грција и обратно
Грчката Агенција за цивилно воздухопловство преку издадените нови упатства за воздушниот сообраќај, најави продолжување на мерката за привремена забрана за летови од и кон Грција за седум земји, меѓу кои и Македонија.
За нашата земја, привремената забрана за летови од и кон Грција е продолжена до 23.59 часот на 14 јуни 2020 година, а истото важи и за Албанија и Турција, јави дописничката на МИА од Атина. За летовите од и кон Италија, Шпанија, Велика Британија и Холандија, забраната важи до 31 мај 2020 година, до 23.59 часот.
Паралелно, до истиот термин се продолжува и мерката, сите останатите меѓународни летови да се полетуваат и слетуваат само на атинскиот аеродром.
Од привремената забрана за летови, исклучок се карго летовите, здравствените, хуманитарните, државните, итните, оние за репатриација на граѓани итн.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Што знаеме до сега за Грција, Ковид-19 и летните одмори
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!
Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден
Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?