03.11.2020

Во Македонија има хотел каде може да ја преселите вашата канцеларија

Во Македонија има хотел каде може да ја преселите вашата канцеларија

Насловот можеби ве натера да го отворите линкот, а ние преку текстот ќе се потрудиме да ви ги отвориме очите и да ви докажеме дека во Македонија навистина постои хотел изолиран во борова шума кој дозволува да ја замените вашата стресна канцеларија со релаксирана  работна атмосфера во природа.


Запознајте се со младиот менаџерски тим на „Еуро хотел Градче“ кој веќе одредено време нуди доста атрактивни понуди се со цел да се спротистави на стресот кој е присутен во секој од нас.

Ние разговаравме со Наташа, која вели дека во моментот се сконцентрирани на обезбедување целосна заштита на гостите, почитување на протоколите, а најважно од се е обезбедување на уникатна работна средина во која можете да уживате со вашите лап-топи и да ги извршувате сите обврски од новата “дома“.

Хотелот можете да го резервирате на: 071 222 655 или побарајте понуда на мејл [email protected]

За сите наши патници/читатели кои бараат повеќе информации и начин на резервација. Ова треба да го знаете:

Хотелот се наоѓа на 6 километри северно од градот Кочани. Лоциран е на 550 метри надморска височина, која е уникатна местоположба за одмор и релаксација. Хотелот се наоѓа покрај езерото Градче, кое можете да го користите за кајакарење, возење велосипед, прошетки или џогирање, а може и пак риболов, во зависност од сезоната. 

Наш предлог за сите кои ќе престојувате во овој хотел е да одвоите од вашето време за активен одмор. Хотелот располага со велосипеди и кајаци, кои може да ги користите. Интересни се водопадите над самото езеро, кои задолжитлено треба да ги посетите.

Имено, изградени се во  1958 година во функција на помошна брана за да спречи надоаѓање на водите од планината. Но, со текот на времето од надојдените гранки, камење и замја, почнала помошната брана да се полни со почва и лека полека се создал прекрасен водопад од дванаесетина метри. 

Хотелот располага со 24 соби од кои 3 се апартмани, ресторан, кафе бар, четири летни тераси, сопствен паркинг, мини зоо и катче за деца.

Зошто нашиот тим ви препорачува задолжително да го посетите овој хотел?
Самото место шири спокој и мир. Боровата шума ги отвара градите, а погледот кон природата и езерото ги остава секојдневните проблеми настрана. 

Идејата да работиш во природата не било никогаш досега поатрактивна. Одличната местоположба која нуди планинско пешачење, велосипедизам по планинаски патеки, прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.


Хотелот можете да го резервирате на: 071 222 655 или побарајте понуда на мејл [email protected]


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!