30.01.2024
Ако некогаш појдете во Битола посетете ја винаријата Чифлик
Ако некогаш појдете во Битола посетете ја винаријата Чифлик
За сите носталгичари по пролетта и оние кои со нетрпение го чекаат повторното зазеленување на природата се со цел да прошетат, тимот на Кајак.мк започна да ја спреми новата листа на гастро дестинации кои треба задолжително да се посетат оваа пролет.

Денеска ве водиме
во винаријата Чифлик, која од денес е дел од нашата база на Гастрономија, а
која можете да ја контактирате со еден клик ОВДЕ.
Прва многу битна причина поради која ви ја препорачуваме винаријата Чифлик е нејзината местоположба. Сместена е во падините на планината Баба или како што милуваме да речеме Пелистер. Идеална клима за летните денови, а доста пријатно место за уживање во текот на цела пролет.

Винаријата работи во текот на цела година. Оние кои ќе се решат да поминат викендот на ручек во винаријата, ние како туристичка платформа ги советуваме да го посетат и селото Брусник кое е проголтано од прекрасната природа. Селцето се наоѓа на надморска височина од 850 метри.

Фото: Bitola.info
Винаријата Чифлик е семејна винарија специјализирана во современото производство на вино со комбинација на традиционални рецепти кои семејството ги негува повеќе од 100 години.

Самата винарија има вински ресторан, прекрасни тераси и градии каде можете да уживате во вашиот ручек или вечера. Покрај ресторанот, самата винарија има вински подрум каде се одвива производствениот процес и просторија за дегустација на виното.

Точната локација,
како и контакт број за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!