26.07.2021
Вила со базен идеална за друштвено уживање на зајдисонце
Вила со базен идеална за друштвено уживање на зајдисонце
Уживањето во вила
со базен во периферијата на Скопје не е тренд кој постои од вчера, но можеме да
кажеме дека во изминатите две години ги живее своите популарни денови.
До истиот заклучок дојдовме откако го запознавме нашиот нов домаќин Гаго, чија вила „Day Off“ од денеска е дел од базата на Кајак.мк.

Ова вила е
идеална за друшетвени уживања и собиранки чија намера е да го прослават животот
и да се одморат од градскиот хаос.
Вилата располага со приватен базен за разладување во летните денови, а нејзиниот капацитет е доста голем што може да ви овозможи да организирате мини свадба или било каква семејна прослава со вашите најблиски.

Куќата има мини
детско игралиште со разни реквизити, паркинг за 3 автомобили пред влезот на
вилата, а за повеќе автомобили има во непосредна близина на вилата.
Домаќините велат дека целта на постоењето на „Day Off“ е да им ги наполни батериите на скопјани од напорната работна недела и за моменто да им понуди чувство како да се на одмор на некоја позната туристичка дестинација.

Гаго вели дека гости доаѓаат од сите краеви на Македонија но и странски туристи кои се одлучувале да престојуваат во периферијата на градот.

Вилата располага со една спална соба со брачен кревет и уште една соба со два поединечни кревети на горниот спрат и големо купатило со тоалет. На долниот спрат се наоѓа голем седмосед кој е на развлекување. На долниот спрат се наоѓа и кујната, гостинско WC и тераса со поглед кон Скопје.
Доколку сакате
повеќе фотографии и контакт за резервации,
кликнете ОВДЕ
Коментари
-
Borjan Ilkovski
26.07.2021 19:29
Interesno i kulturno mesto Pozitivno so ubava i mirna harmonija
-
Goran Dodev
26.07.2021 16:20
Местото е идеално за забава, уредувањето не е нападно истото е стилски изведено со доволно простор за забава, а сепак интимно. Ние сме задоволни од условите во кои престојувавме и еден ден од вашиот живот вреди да го поминете таму. Базенот е посебна приказна.......
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.
Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?
Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица