21.10.2020
Две жени доставуваат храна со велосипед низ Скопје
Две жени доставуваат храна со велосипед низ Скопје
Од кујна на велосипед. Вака Андријана и Ана го поминуваат работниот ден во Скопје.
Кајак.мк ви споделува инспиративна приказна која
вреди да ја прочитате до крај, не поради фактот дека е успешна, туку поради
фактот дека ние како тим ообожаваме да промовираме еколошки идеи кои имаат
влијание врз средината и здравјето на луѓето. 
На фејсбук страницата „Мелем од вкусови“ која може да ја
погледнете со еден клик ОВДЕ ќе најдете голем избор на свежи оброк салати со
продукти од македонско поднебје кои се доставуваат во тегли. Покрај салатите
има и избор на оброци, смути пијалоци, сендвичи и врапови. Нивната храна е составена претежно од плодови кои растат на македонска почва. Андријана вели дека се свесни за здравите состојки кои ги има во нив, го знаат потеклото и знаат дека се одгледувани на наши ниви. 
Со тоа што се фокусираат на домашен зеленчук и овошје даваат својата поддршка на македонските земјоделци.
Ана вели дека салатата е секогаш свежа. Салатите не ги подготвуваат претходно за продавање, туку ги подготвуваат кога купувачите ќе ги нарачат, бидејќи само
така се задржува свежината и вистинскиот вкус. Салатите и житните оброци се она
што е го бараат сите, додава Ана. 
Нивните салати не се класични, туку во нив се вметнуваат
продукти со протеини кои бавно се разградуваат и витамини кои притоа не го
оптоваруваат организмот. Тоа е главната цел на „Мелем од вкусови“. Лесно
достапен здрав оброк и помалку изговори кога е во прашање здравата исхрана.
Сите производи се доставуваат со велосипед, а доставата е
бесплатна за Буњаковец, Дебар Маало, Центар, Кисела Вода и Карпош. Велат
дека се големи љубители на природата па затоа се одлучиле храната да ја
пакуваат во тегли, а доставата да биде еко пријателска. 
Конзумирањето на
храна од „Мелем од вкусови“ ќе ве направи општествено одговорна личност поради
фактот дека се што се употребува може да се разгради или рециклира. Главниот
фокус на овие жени е грижата за животната средина.
Покрај доставата, нивните производи може да ги купите од
нивата продавница која се наоѓа во во трговскиот центар Буњаковец на први спрат од задната страна, наспрти катната гаража на Бул. Партизански Одреди 29-1/033. Тие велат дека најдобро е претходно да се направи нарачка по телефон за
да може тие да ја подготват храната со свежи состојки. За нарачки и информации јавете се на
075 285 226.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?