18.04.2021
Животните на нашата фарма се одгледуваат во 100% еколошки услови
Животните на нашата фарма се одгледуваат во 100% еколошки услови
Најмногу се
радуваме на еко приказните поврзани со млади и амбициозни луѓе во Македонија.
Луѓе кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.
Кајак.мк ова
2021-ва година ќе се насочи кон истражување на детали, наместо истражување на
поголеми туристички светски дестинации.
Намерата од вакви
туристички приказни кои најчесто ги посветуваме на домаќините на објектите за
изнајмување, угостителите, луѓето кои се љубители на активниот туризам и
туристичките работници е да ја вратиме пред се довербата во човештвото и да ги
поттикнеме сите да го ценат повеќе туризмот. 
Денеска ви ја
раскажуваме приказната на едно скопско семејство кое љубовта кон природата и
животните го поттикнало да отвори фарма во близина на Матка. Тие произведуваат
и продаваат продукти кои животните ги дават. Овде спаѓаат: Jајца од селски кокошки,
јајца од препелици, козјо млеко, јогурт, кисело млеко, сурутка, сирење и сапуни од козјо млеко.
Нивната фамилија
е ултрамедијална, со позитивно размислување и голема љубов кон животните и прирoдата. Градски луѓе кои растеле во Скопје и
постојано биле опкружени со миленичиња.Уште од самиот
почеток имале огромна поддршка од фамилијата, пријателите и нивните следбеници
кои секојдневно ги стекнуваат на социјалните мрежи.
Matka Farm е лоцирана на место кое е идеално за одгледување
на животни, со многубројни пасишта и изворска вода, каде пред се се нудат совршени и хумани услови. Она што е доста битно да се истакне е фактот
дека животните се
одгледуваат во 100% еколошки услови. Ова на нив им носи огромна побарувачка, а од друга страна огромно задоволство
од купувачите. 
Велат дека се
фокусирани на брза и бесплатна достава, но најважно од се е добриот пласман.
Се надеваат дека
интересот кај граѓаните да купуваат здрава храна со тек на време ќе биде се
поголем, а воедно веруваат дека здравата храна ќе стане животна навика кај
повеќето.
Овој начин на
живеење и посветеност кон работата не е едноставен, велат тие.
Сите кои сакаат
да работат и живеат на начин на кој тие го прават ова, главен услов треба да им
биде љубовта кон животните и природата.
Коментари
-
Donald Rufus
27.09.2021 16:47
Hello, I am Donald Rufus from United State Of America. I urgently seek your service to represent and guild me in investing. All I want is an honest and reliable person who can be my partner in your country.Please email me for more details on. [email protected] Best regard Donald.
-
Zaneta Pavlovska
24.04.2021 19:18
Kade vo Matka sakam mleko i sirenje
-
Sokol Klincarov
21.04.2021 20:27
Ve molam za kontakt telefon
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.
Галичката свадба повторно го оживеа Галичник
Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.