25.07.2020
Ова место постои во Македонија
Ова место постои во Македонија
Вашиот виртуелен водич „Кајак.мк“ продолжува да добива различни предлог места од Македонија. Како предлог место кое ни го испрати Владо Данилов е браната „Гратче“ која се наоѓа недалеку од Кочани. Тоа е вештачко езеро сместено во подножјето на Осоговските Планини, оддалечено околу 6 км на север од Кочани.

Изградена е во 1959 година кај некогашното село Долно Гратче. Браната е армирано-бетонска со височина од 46 метри, должина на преградниот ѕид изнесува 150 метри и се наоѓа на надморска височина од 467 метри.

Езерото е долго 3,5 км, а широко 0,2 км, со најголема длабочина од 29 метри. Површината на акумулацијата изнесува 0,19 км2, акумулира вода од 2,4 милиони м3 која се користи за индустриски потреби и за наводнување на 576 хектари.

Освен стопански, езерото Гратче има и туристичко-рекреативен карактер, а на неговиот брег има два објекта со угостителски карактер и хотел.
Информации од читатели:
- Задолжително носење аутан;
- Лицата кои се алергични на комарци задолжително да се консултираат со лекар
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?