29.07.2022

Дали сте слушнале за паркот Акватика: Викенд дестинација која заслужува внимание!

Дали сте слушнале за паркот Акватика: Викенд дестинација која заслужува внимание!

Како што се зголемува метежот на туристичките дестинации ширум државата и странство, така расте и сообраќајот на нашата платформа. Секојдневно Кајак.мк го посетуваат околу 10.000 пребарувачи кои бараат совети/сместувања/атракции за викендите кои ни доаѓаат.
Среќни сме што месец јули ќе го заокужиме со над 132.000 пребарувачи, а уште посреќни што во еден месец на Кајак се прочитани над 530.000 страници со совети за патување.

Денеска нашата база ја прошируваме со уште една уникатна викенд дестинација која можете да ја резервирате преку „КАДЕ ОВДЕ“.


За нашите патувачи од Демир Капија, Неготино и Гевгелија, паркот Акватика е веќе добро позната дестинација, но за оние кои за првпат се среќаваат со овој поим, драго ни е што од денеска ќе бидете побогати со уште една информација.


Акватика Парк се простира во непосредна близина на Демир Капија покрај реката Бошавица. Гостите најчесто го посетуваат местото со автомобили, мотори, камп приколки, а има и доста велосипедисти. До Акватика може да се стигне и со пешачење. Оние кои немаат автомобили, моторни возила или велосипеди, совет од Кајак.мк е да резервираат воз кој води дирекно до Демир Капија, а од железничката страница на Демир Капија до Акватика потребни се околу 30 минути пешачење низ населено место и по самото течение на реката Бошава за да стигнете до паркот.


Со паркот Акватика управуваат млади и амбициозни љубители на природата. Марија која ни ги отвори портите од Акватика за светот на Кајак вели дека пред 8 години дошле до заклучок дека на локалното населелние му е потребно место каде што ќе може да се опушти, да кампува, да ужива во природа или да појде на риболов.

Веќе 8 години, почнувајќи од 2014 година Акватика Парк ја пишува својата успешна приказна, нудејќи им организиран простор на сите вљубеници во недопрената природа на Демир Капија.


Она кое го прави паркот поразличен од стандардните угостителски објекти е тоа што гостите сами си подготвуваат оброкот. Имаат простор за скара, подготовка на специјалитети. Паркот нуди целосна логистиката за нивниот излет односно, простор за скара, фрижидери, тоалети, судопери и инвентар како масички, столчиња, прибор за јадење, чаши и слично.


Гостите уживаат бидејќи начинот на кој што функцинира Акватика Парк претставува можност да се дружат и имаат активности со најблиските.

Покрај негувањето на алтернативниот туризам во Македонија, Акватика Парк поседува и рибници со крап и пастрмка, за кои домаќините се особено горди, што претставува еден предизвик за сите гурмани и љубители на добрата свежа риба.


Марија вели дека гостите се пријатно изненадени кога ќе видат со какви се скриени убавини располага регионот. Додава дека паркот има редовни гости кои си ја знаат својата сенка под дрвцата. Во паркот честопати се организираат и натпревари по риболов како забава, а риболовците со нетрпение очекуваат да го уловат најголемиот крап.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии и да стапите во контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.