17.01.2022

Вила во Маврово со прекрасен поглед и на 350 метри од жичарата

Вила во Маврово со прекрасен поглед и на 350 метри од жичарата

Без разлика дали сте љубител на зимските спортови или пак сакате да уживате со кафе на снегот, нема да направите грешка ако уште утре го посетите Маврово. Нашиот тим направи обиколка на ски центрите изминатиот викенд и можеме да ви гарантираме дека може да начекате позитивна атмосфера скоро секаде.


Маврово започна супер сезона, а во текот на цела сезона може да се сретнат многу настапи на македонски музички изведувачи, ди-џеј забави преку ден и многу атракции кои ќе ви го исполнат времето додека престојувате на овој ски центар.

Во непосредна близина на ски центарот или поточно на околу 350 метри од жичарниците се наоѓа нашето ново сместување кое од денеска е дел од нашата база на приватни сместувања.


Она што мораме прво да го истакнеме за вилата Twins е прекрасниот поглед кој го нуди. Вилата има пространа тераса, а пред неа нема други вили и можете да уживате во погледот кон спортското игралиште и боровата шума.

Вилата е идеална за поголеми семејства или група авантуристи кои секоја година патуваат заедно на зимување. Капацитетот на вилата е и до 12 лица.


Дворот на вилата е доста простран што тврди дека ова вила е идеална во текот на цела година. Преку зима уживање покрај каминот во дневата соба, а на пролет и преку лето уживање во дворот на вилата.


Вилата има голема дневна соба со трепезарија и кујна, а исто така има интернет што може да ви овозможи да ја заменете вашата градска работна канцеларија со привремена канцеларија во Маврово.

Доколку сакате повеќе информации, фоготрафии и контакт од вилата, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?