16.06.2021

Уште еден начин за тоа како да го проучите Кораб

Уште еден начин за тоа како да го проучите Кораб

На 05.06.2021, во рамки на планинарската тура за искачување на врвот Чапарец на Кораб, дел од Планинарскиот предизвик „12 Врвови“, се одржа и промоција на книгата - џебна брошура „Записи за Кораб“, посветена на планината Кораб и нејзините (не)откриени врвови, езера, водопади, предели и величествени убавини.

Книгата „Записи за Кораб“ се состои од 2 дела во кои на 48 страници се содржат: Општ географски преглед на планината Кораб и нејзините (не)истражени врвови, езера и предели кој опфаќа опис на природно-географските одлики на планината Кораб, историски осврт на преданијата  од народното творештво за името на Кораб и записи од првите планинарски походи во минатото и описи со предлози за именување на помалку познати врвови, езера, водопади, места и предели на Кораб напишан од Марио Шаревски и  извадоци од записи од Планинарскиот дневник прибележан и раскажан од Зоран Тодоровски со податоци од нашето прво трансверзално планинарско минување по целата планина Кораб во 2019 г.

Оваа книга - брошура настана како плод на првиот тридневен трансверзален поход со шатори по целиот срт на планината Кораб во 2019 година, кој беше повторен и продлжен и во 2020 во чест на 1000 годишнината на Бигорскиот Манастир, а во себе содржи податоци од истражувања и посети на планината Кораб од 2015 и 2018.  

Целта на оваа книга - брошура е преку именувањето и дадените податоци за точната местоположба, во сообразност со споделеното искуство од посетите на овие врвови, езера, места и предели да се оствари придонес во насока на зголемување на бројот на посети на планинарите и туристите, а со тоа и за промоција и поголемо искористување и развој на потенцијалите на Кораб, кој нуди извонредно големи можности во поглед на планинарството и туризмот, а со тоа и за сеопштото економско искористување, вреднување (валоризација) и добросостојба.


Примероци од книгата беа поделени на сите присутни планинари на акцијата, а ќе бидат поделувани и во следни планинарски акции и искачувања на планината Кораб.


За разгледување и читање во целост на книгата во електронска форма посетете го овој линк, за албум со слики од книгата со глетки од Кораб посетете го овој линк.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.